29 Април, 2024
0.0325

ИЗВОЗОТ ПОРАСНАЛ ЗА 15%: Со која држава најмногу тргува Македонија?

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во периодот јануари-септември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена,  Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од  Република Македонија, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 226 058 368 илјади денари и  бележи пораст од 15.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока,  во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 304 992 548 илјади денари, што е за 11.1% повеќе во 

споредба со истиот период од претходната година.Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 78 934 180 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 74.1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на  носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила,  авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со  внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката. Во увозот најмногу  се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или  необложени, обработувани не повеќе од топло-валаните со ширина од 600мм или повеќе, намотани. 

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи