17 Мај, 2024
0.0269

ИЗВЕШТАЈ НА ММФ за Македонија: Браво за политичките потези, внимателно со сивата економија и минималната плата

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

По повеќе од 12 години откако Македонија го доби кандидатскиот статус, очекувањето за ЕУ пристапувањето сега е надежно, стои во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија. Монетарците се осврнуваат на политичките случувања во земјата и очекуваат силна стабилизација по решавањето на клучниот проблем со Грција.

ММФ нотира дека има надолни ризици за оставарување на очекуваниот економски раст во земјата и дека Македонија е на пат да го намали буџетскиот дефицит но и јавниот долг. Се сугерира зајакнување на пензиската реформа, а Фондот дава позитивна оценка на спроведените реформи од годинава.  Директорите го поздравуваат индексирањето на пензиите само со порастот на трошоците за живот и препорачуваат дополнителни мерки за подобрување на даночната ефикасност и усогласеност, рационализација на земјоделските субвенции и намалување на опсегот за предвремено пензионирање. Директорите на Фондот, исто така, поттикнваат понатамошни напори за зајакнување на управувањето со јавните финансии и зголемување на фискалната транспарентност.

Како клучен економски проблем, ММФ го наведува проблемот со сивата економија и во извештајот се тврди дека тоа го зголемува трошокот за бизнисите, работниците, државата.

„Учеството на сивата економија се проценува дека е 30 отст0 од БДП и апсорбира 18 отсто од работната сила во државата, од кои најголем дел се вработени во земјодлството, градежништвото транспортот, угостителството, и трговијата. Истражувањата покажуваат дека неформалноста е значајна пречка за водење бизнис во Република Македонија, која се засилува со даночно затајување, низок даночен морал, нееднакво спроведување на деловните прописи, стои во извештајот.

Според ММФ, банкарскиот систем останува добро капитализиран и профитабилен, но постојат ризици кои треба внимателно да се следат. Порачуваат понатамошни напори за постепено зголемување на денаризацијата на депозитите и за намалување на кредитирањето во странска валута на домаќинствата.

Директорите повикаа на повеќекратна стратегија за решавање на слабостите на пазарот на трудот што го попречуваат растот. За да се намалат недостатоците во вештините и неусогласеностите, се препорачува подобрување на квалитетот на средното и стручното образование и преместување на високото образование во насока на обезбедување на вештини кои ги бара економијата.

Според ММФ, БДП годинава ќе порасне 2,8 проценти. ММФ сугерира евентуалното повторно зголемување на минималната плата да се прави со мерки за раст на продуктивноста со цел да не се загрози конкурентноста.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП