16 Мај, 2024
0.0348

ИЗДУВНИ ГАСОВИ: Каква еко- налепница ќе добие вашето возило?

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Огромен дел од домашниот возен парк ќе се најде под удар на мерката која се планира да се преземе за да намали аерозагадувањето во Скопје, а тоа е воведувањето на еко- налепници со соодветна боја, според која ќе се исклучуваат од сообраќај возилата кои прекумерно испуштаат издувни гасови. Дури осум од десет автомобили паркирани пред вашата зграда се произведени пред 2005 година, а половина од нив се на дизел- погон, кој незадоволува ниту една европска еколошка норма, покажува публикацијата за транспорт на Државниот завод за статистика, која се однесува на состојбата во 2015 година. До денес, не е подобрена оваа статистичка сообраќајна слика, туку напротив, само е влошена.

Ова значи дека решавањето на проблемот со аерозагаденоста предизвикана од сообраќајот ќе биде многу тешка задача за која ќе треба да се повлечат и политички непопуларни потези. Но, смогот и маглата во Скопје и другите градови веќе неколку години наназад се алармантна реалност, за која од надлежните институции се уште немаат соодветен одговор. Како главни виновници за загадувањето се посочуваат греењето на дрва и друг несоодветен материјал, градежната офанзива и индустријата, а во овој текст ќе се обидеме да фрлиме малку повеќе светлина на влијанието на издувните гасови од возилата врз животната средина.

„Олдтајмери“ по улиците

Еве што кажува статистиката. Дури 80 отсто од автомобилите што се возат по македонските патишта се постари од 10 години, односно од вкупно 340.000 патнички возила регистрирани во 2015 година, 305.000 се „олдтајмери“. Возачите на голем дел од нив ќе останат затечени кога на технички преглед нивните автомобили ќе добијат црвена налепница, која ќе му даде право на градоначалникот Шилегов да ги отстрани од скопските улици во период на најголемо аерозагадување. Грото од овие возила исполнуваат „еуро 3“ еко- стандард бидејќи дури од 1 јули 2016 година се доволи увоз на стари автомобили со најмалку „евро 4“ норма. А, колку овие возила се далеку од највисокиот „евро 6“ стандард се гледа од следнава споредба. Нормата „еуро 3“ од јануари 2000 година ги ограничува азотните оксиди на 500 мг/км, како и на количината на ПМ честички чад на 50 мг/кг. Актуелната норма „еуро 6“ ги поместува овие граници многу понапред, на 80 мг/км за азотните оксиди и 4,5 мг/км за ПМ честичките чад.

И сега Законот за возила пропишува задолжителна проверка на издувните гасови при прегледот на техниката исправност на возилата. Но, очигледно е дека тоа се прави инцидентно бидејќи ретки се случаите на исклучено возило од сообраќај поради густ црн дим од ауспухот, иако такви возила има многу по улиците.

Дизелашите дуплирани

Но, покрај стариот возен парк, загрижувачки е дуплирањето на бројот на патнички автомобили со дизел мотор во последниве пет години, од 85.426 возила на 163.038, како резултат на олабавената регулатива за увоз на стари автомобили.

Изборот на моделите зависеше од длабочината на џебот на просечниот Македонец. Тоа се, во најголем број, половни возила кои исполнуваат стари или воопшто не исполнуваат еко- норми, кои Европа забрзано сака да ги тргне од своите патишта. Ова придонесе да се зголеми потрошувачката на дизелот, а со тоа и на емисијата на штетни материи и прекумерно загадување на животната средина.

Така, од регистрираните 383.833 автомобили во Македонија, најголем дел или 209.122 се бензинци, а 163.038 се со дизел мотор и уште 744 возат на мешавина или речиси половина од возниот парк. Уред за погон на авто- гас имале вградено 10.896 автомобили, а 33 од регистрираните биле хибридни и електрични возила.

И Скопје е преплавено од дизелаши. Во метрополата има 85.907 бензинци и 48.291 „нафташи“. Ако ги додадеме автобусите, камионите, работните и влечните возила и трактори, се добива речиси идентичен број на возила на бензин и дизел. Дополнителен притисок прават и големиот број на возила кои секојдневно доаѓаат во главниот град од внатрешноста.

Во услови на лоша економска состојба на земјата и слаба куповна моќ на обичниот човек, решавањето на аерозагадувањето од сообраќајот ќе биде голем залак за носителите на одлуки. Било која мерка, како ограничување на правото на користење на возилата, поголеми давачки за регистрација за нееколошките возила или задолжително вградување филтри, ќе предизвика револт кај возачите, но од некаде мора да се почне.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА