17 Мај, 2024
0.0273

Иванов: На земјава и требаат млади лидери

Објавено во: Мои пари 19 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Млади луѓе кои знаат да водат и предводат и во сегашноста и во иднината потребни. Вака покровителот, претседателот Горѓе Иванов ја отвори Школата за млади лидери Охрид која се организира по четврти пат со цел а им овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе да ги  надградуваат своите вештини, креативност и своите способности. „Тоа е капиталот на Македонија. Вие сте тие кои еден ден ќе бидете на овие позиции. Вие сте тие кои еден ден ќе направите Македонија да биде горда со вас. А оваа инвестиција  во Вас ќе биде инвестиција и на тие што доаѓаат после Вас“,  истакна Иванов пред учесниците.40-тина учесници и 30 предавачи, меѓу кои и  поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус и претседателот на Светската Академија на науки и уметности Иво Шлаус годинава се дел од Школата. За поранешниот претседател Клаус, идејата на претседателот Иванов за организирање школа за лидери е добра и креативна. „Сметам дека младите луѓе мора да имаат можност да се среќаваат да разговараат и да слушаат други кои веќе имаат стекнато одредено искуство во различни сфери од животот и нивната кариера“, рече Клаус. „Прашањето за лидерите е на многу начини интригантно, но ние мора да гледаме напред, да сме свесни за она што се случува зад нас и треба да одлучиме по кој пат ќе одиме“, истакна Шлаус.На Школата за млади лидери во Охрид во изминативе три години учествувале 115 млади луѓе и 70 предавачи, меѓу кои амбасадори, функционери од ЕУ, меѓународни институти и професори од светски реномирани универзитети. Школата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование на возраст меѓу 23 и 35 години. Програмата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак