06 Мај, 2024
0.0246

Италијански економисти удрија по Европа: Се губат сите вредности, таа станува Четврт рајх

Објавено во: Свет 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Eвропа ја тресе сериозна економска и политичка криза. Во име на глобализацијата укинати се не само географските и моралните граници. Влеговме во епоха на неизвесноста. Се бришат разликите помеѓу културите, вели италијанскиот економист Алберто Банјаи.

Како Европа се најде насред економска криза, чии последици сега мора да ги плаќа Италија: Се почнало во '60 -тите и '70тите, кога во земјата е забележан економски пад, кој веднаш се одразил и на демографската ситуација.

Како, од друга страна,земјата може да напредува ако има се помалку население? Дополнителен удар Италија преживеа кон крајот на 90-тите години и подоцна кога се појави еврото кое со себе го повлече процесот на деиндустријализација. Конечно, Италија ја дотолчи кризата од 2008 година, кога САД национализираа долгови на приватни лица, дуплирајќи ги така државните долгови.

За суверенитетот и политичката перспектива на Италија , на чија територија, не забораваме, се наоѓаат 90 атомски бомби на НАТО, Спутинк разговарал со економистот Алберто Банјаи.

Тој тврди дека суверенитетот на европските држави го бришаат транснационалните компании кои го преземаат на себе. Италијански економист ја наведува и улогата на медиумите, кои кај населението ја потврдуваат таа теза, со самото тоа, како вели, за суверенитетот на Италија не може да стане ни збор.

„Односите помеѓу големиот газда - САД и неговиот локален претставник Германија, се менуваат, а Италија би требало да ја искористи ситуацијата како би ги договорила најдобрите можни услови за нашата земја. Имајќи предвид дека Италија не е независна, би можела или да се движи кон ЕУ, која веќе станала нешто како „Четвртиот рајх“, што не им се допаѓа на Американците, или може да поврати барем мал дел од автономијата, договарајќи се за тоа со Русија и САД. Приближувањето на односите на САД и Русија воопшто не мора да биде негативна појава. Се е подобро од војна и фрлање на атомски бомби на непријателот“, рекол Банјаи за спутник.

Новинарот Марчело Венецијани, од друга страна, вели дека границите на територијата на Европа денес исчезнуваат. Мислата на новинарот со себе носи контрадикторност-прашањето за економски и политички суверенитет стануваат многу важни и предизвикуваат многу дискусии.

Венецијани го истакнува фактот дека границите се важни, како и дека сега е неопходна таква владеачка елита која би можела не само да победува на изборите, туку и реално да управува.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра