18 Мај, 2024
0.0303

Италија ќе бара одговорност за жртвите во земјотресот

Објавено во: Свет 28 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во Италија ќе се бара одговорност за големиот број жртви во земјотресот кој се случи деновиве во централниот дел на земјата.

Во катастрофата загинаа скоро 300 луѓе во три гратчиња. По земјотресот околу 2,500 луѓе останаа без своите домови.

Ќе се провери дали компаниите ги игнорирале анти-сеизмичките правила кога ги реставрирале јавните згради.

Училиште и црковна кула кои се урнаа минатата недела, биле градени наводно според високи анти-сеизмички стандарди, веднаш по катастрофата во Аквила во 2009 година. Во основното училиште во Аматриче загинаа 224 луѓе  од вкупно 291.

„Сите се сомневаат дека трагедијата не е само прашање на судбина. Наша должност е да провериме дали исто така имало и одговорност, или човечка грешка“- вели Џузепе Саиева, главен обвинител во Риети, град северно од Рим, кој ја води истрагата.

Според Гардијан, судиите ќе го испитуваат и реконструирањето на кулата на една црква во Акумоли, град во близина на Аматриче, кој е во епицентарот на земјотресот. Четворица, кои биле дел од исто семејство починале на лице место откако кулата им се урнала над нивниот дом. И оваа градба исто така била реконструирана според анти-сеизмички стандарди со помош на јавни средства дадени по земјотресот во 1997 година во централна Италија.

Сопствениците на домови кои ангажирале компании кои не ги почитувале стандардите може да добијат компензација, а граѓаните на Аматриче кои граделе екстензии или правеле големи реновирања без да ги почитуваат стандардите, може да бидат обвинети за одговорност.

Премиерот, Матео Рензи и нареди на антикорупциската агенција на Италија, да ги следи фондовите доделени за реконструкција на домовите.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто