26 Април, 2024
0.0292

Испораките на руски гас за Кина се зголемени за 63,4 отсто

Објавено во: Економија 02 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

„Газпром“ ја зголеми испораката на гас во Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ за 63,4 отсто во првата половина на 2022 година, објави денеска рускиот холдинг за гас.

„Извозот на гас во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир расте во согласност со долгорочниот билатерален договор меѓу Гаспром и Кинеската национална нафтена корпорација.

Важно е да се напомене дека испораките на руски гас за Кина преку тој гасовод се зголемиле за 63,4 отсто“, се наведува во соопштението на Газпром, пренесува Тас.

Во 2021 година, Гаспром испорача 10,39 милијарди кубни метри гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“, се вели во годишниот извештај на холдингот. Тој волумен е 2,5 пати поголем од испораките во 2020 година, кои изнесуваа 4,1 милијарди кубни метри гас.

Гасоводот „Моќта на Сибир“ е најголемиот систем за транспорт на гас во источна Русија. Извозниот капацитет на тој гасовод достигнува 38 милијарди кубни метри гас годишно. Првите испораки на гас за Кина преку таа „источна“ рута започнаа во декември 2019 година, според 30-годишниот договор склучен во 2014 година меѓу Гаспром и кинеската ЧНПЦ.

Годишниот обем на испораки на гас е 38 милијарди кубни метри, а вредноста на договорот е 400 милијарди долари.

Гаспром, исто така, објави дека го намалил производството на гас во првата половина на 2022 година за 8,6 отсто, односнона годишно ниво на 238,4 милијарди кубни метри. 

Просечниот дневен извоз на Гаспром во јуни бил за четвртина помал од мај и изнесувал 263,3 милијарди кубни метри, се наведува во соопштението на холдингот.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина