17 Мај, 2024
0.0349

„Исламската држава“ ликвидирала 100 странски дезертери

Објавено во: Свет 20 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Терористичката организација „Исламска држава“ погубила  100 свои припадници кои се обиделе да побегнат од нејзиниот „главен град“ Рака во Сирија, соопштил анонимен сириски бунтовник, противник и на „Исламската држава“ и на режимот на Асад. Исламистите формирале воена полиција со задача да ги „лови“ странските припадници кои нема да се јават на должност. Само во последниве неколку дена оваа полиција извршила упад во десетина куќи и привела голем број џихадисти разочарани од реалноста во борбите во Сирија, пренесува „АФП“. Британските медиуми во октомври пишуваа за пет Британци, тројца Французи, двајца Германци и двајца Белгијци, кои сакале да се вратат дома, бидејќи сфатиле дека повеќе не се борат против режимот на Асад. Поради ваквата нивна одлука Исламската држава веднаш ги уапсила. Според податоците на Меѓународниот центар за проучување на радикализмот при лондонскиот „Кингс“ колеџ, во редовите на Исламската држава има најмалку 20 – 50 припадници од Британија кои би сакале да се вратат назад, но тие стравуваат да не бидат заробени. Откако коалицијата предводена од САД во август отпочна со воздушни напади против Исламската држава, оваа екстремистичка група полека почна да ја губи битката со другите побунети сили, а бројот на загинати џихадисти е значително зголемен. Во четвртокот ирачките Курди објавија дека по дводневни напади успеале да ја разбијат опсадата на Исламската држава под која долго време беа потиснати голем број цивили и борци на етничката група Јазиди во провинцијата Синџар. Во овој напад учествувале осум илјади борци, потпомогнати со жестоки воздушни напади на мегународните коалициони сили.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра