17 Јуни, 2024
0.0296

Исламистите во Европа - радикализирани фанатици или обични криминалци?

Објавено во: Свет 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Над половина европски исламисти имаат криминално минато и се приклучуваат на групата „Исламска држава“, бидејќи им се ветува „искупување“, пишува британскиот весник Индипендент, повикувајќи се на извештај на Меѓународниот центар за истражување на радикализацијата при Кралскиот колеџ во Лондон.

Извештајот покажува дека криминални и терористички мрежи во Европа се спојуваат, создавајќи опасен вид џихадисти, за кои насилството не е само религиозен стремеж, туку начин на живот.

Директорот на Центарот и експерт за тероризам Петер Нојман вели дека новата „криминално-терористичка поврзаност“ прави потешко за европските служби за безбедност да го откријат радикализирањето.

Многу аналитичари продолжуваат да тврдат дека терористите потекнуваат од средната класа или уште повисоки социјални средини.

„Осама бил Ладен беше син на милионер, а терористите од 11 септември беа студенти, пример. Според мене треба да се преиспита својата стратегија“, забележува тој.

Според Нојман многу од службите за безбедност продолжуваат да очекуваат радикализираните млади луѓе да го променат своето однесување и да постапуваат „религиозно“, веројатно со пуштање на брада или промена на начинот на облекување.

Кај некои промената навистина е видлива, но кај други - не.

Во базата на податоци на Центарот многу од европските борци продолжуваат да пушат, да пијат и да се дрогираат дури до заминувањето за териториите контролирани од т.н. „Исламска држава“, објаснува тој.

Нојман наведува дека 2/3 од џихадистите опфатени со истражувањето на Центарот, имаат не само криминално минато, туку делата нивни се поврзани со насилство. Во европските земји, каде што нивниот број се знае, повеќе од половина од борците на ИД биле познати на полицијата.

Криминалците имаат морално оправдување да прават нешто што секогаш го правеле, сега сепак со ветување да одат на небото, нагласува Нојман.

Извештајот на центарот за проучување на радикализацијата има документирано неколку случаи во кои управата на затворот не знаела за постоењето на радикализација во на нив доверената институција или сигналите биле игнорирани од службите за борба со тероризмот, вели директорот на центарот.

Еден од големите случаи е мрежата, која ги извршила нападите во Париз и во Брисел, додава тој.


Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта