17 Мај, 2024
0.0277

ИСКУСТВО ШТО ВРЕДИ: Што научив од еден викенд со мултимилионер

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

За градењето на успешен бизнис е потребно навистина многу.

Најдобрите претприемачи започнуваат со идентификување на проблем, а потоа креирање на ефективни решенија. Ако сакате да туркате напред, исто така, ќе ви биде потребен работлив дух и способност да останете еластични за време на невоља.

Но што доаѓа следно?

Дастин Маерг неодамна имал можност да учи од еден од најдобрите. Дастин, наградуван проект менаџер, поминал викенд со успешен претприемач кој го израснал својот бизнис од еден вработен на повеќе од 10.000. Овој неверојатен раст и успех на неговиот бизнис резултирал со богатство поголемо од $200 милиони. (За да биде поедноставно, претприемачот, чие име Дастин не го открива во неговиот пост, ќе го наречеме г-дин Грин.)

Оригиналниот пост на Дастин можете да го прочитате тука, додека овде се извадени некои од клучните моменти:

Совршенството го убива прогресот.

Кога г-дин Грин ја основал својата компанија, немало стратешко планирање. Немало бизнис план. Немало убаво лого.

Во суштина, немало вистинска визија.

Но, тоа не го спречило да се движи напред. Започнал со проблем, понудил решение и никогаш не погледнал назад.

Заклучокот: Планирањето е од корист, но избегнувајте аналитичка парализа. Ако вашата идеја решава проблем на пазарот, стартувајте!

Преземајте еден чекор по друг. Но, продолжете да се движите.

Грин ја започнал својата компанија во една индустрија, но завршил во друга.

Како што Дастин објаснува:

"Тој немал стратешки план за поседување на бизнис кој се состоел од 10.000 плус лица. Една работа водела до друга. Всушност тој го започнал својот бизнис во различна индустрија од онаа во која завршил. Преземајте еден чекор по друг, бидете агилини и продолжете да се движите."

"Откако еднаш веќе воспоставил локален печат, почнал да бара работа на периметарот на локалниот печат. Тој ќе направел мал круг и го растел тој круг малку по малку."

"Резултатот бил клиенти во повеќе од петнаесет [американски] држави."

Заклучокот: Немојте да бидете обземени од големи соништа. Преземајте еден чекор по друг и адаптирајте се што е можно побрзо.

Не се перчете.

Откако неговиот круг почнал да расте и основата на неговиот бизнис пораснала од локален на 15 државен регион, Грин ја сватил потребата од купување на авион.

"Наместо да направи големо купување и конзумирачки долг, тој започнал со дво-патнички авион. Потоа бил четири-патнички, а сега девет-патнички. Иако тој имал доволно пари за да купи поголем, тој никогаш не се пречел."

Заклучокот: Освен ако сакате растот на компанијата да биде краткотраен, важно е да трошите внимателно.

Учете од конкуренцијата.

Во еден момент, Грин работел за период од една година како подизведувач за врвен конкурент. Зошто да не ја искористи истата стратегија за сопствниот бизнис? Тој го сторил тоа и дошол до 20% пораст во приходите.

Покрај тоа, Грин постојано бил во чекор со конкуренцијата т.е. внимателно следел на кои пазари влегувале неговите конкуренти. Ако тие успевале да најдат начин да го рационализираат влегувањето на тие пазари, тој ќе го сторел истото.

Заклучокот: Немојте само да ја копирајте конкуренцијата; учете од неа. Земете го она што тие го прават и најдете начин да го направите подобро.

Изградете повеќе извори на приходи.

Грин заработил милиони долари од неговата оригинална бизнис идеја. Тогаш тој искористил тие пари за да создаде дополнителни извори на приходи преку берзата, ангел инвеститори и недвижен имот. Овие дополнителни извори на приходи завршиле давајќи многу повеќе од оригиналната компанија.

Заклучокот: Потребни се пари за да се направат пари.

Ставањето на сите ваши јајца во една кошница станува проблем кога кошот ќе се скрши. Ако вашиот бизнис е успешен, мудрото инвестирање може да доведе до поголем профит.

Најдобриот дел

Викендот на Дастин било големо искуство за учење, но она што тој го сметал како највредно за споменување кај г-дин Грин е допадливата и скромна личност на неговиот нов ментор. И покрај неговиот финансиски успех, Грин немал премногу високо мислење за себе и бил желен да го сподели она што тој го знаел. А тоа се всушност квалитетите кои ќе ве направат вистински богати.

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници