Иран ќе пушти нов тип тешка нафта
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2016
Иран планира да започне со продажба на новата сорта тешка нафта во јуни оваа година, објави агенцијата Bloomberg.
Според агенцијата Националната иранска нафтена компанија (NIOC) имала намера да почне со продажбата во март, но одлучила да ја одложи за да им даде повеќе време на потенцијалните купувачи да го тестираат квалитетот на производот.
Новиот тип нафта се добива во нафтените полиња во регионот Западен Карун, во близина на границата со Ирак, посочува „Bloomberg“.
Сеуште не се објавува името на новиот тип нафта ниту се прецизира какви количини од него ќе продава.
Вчера Иран изјави дека склучувањето на глобален договор за замрзнување на екстракцијата на нафта нема да помогне за зголемување на цените на нафтата, бидејќи во светот се произведува премногу .
Според аналитичари главниот проблем на пазарот е презаситеноста и треба да се направи нешто за да можат земјите да се избават од вишокот на барели.