19 Мај, 2024
0.0269

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ВАШИОТ НОВ АВТОМОБИЛ!

Објавено во: Мои пари 28 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Одлуката за купување на нов автомобил воопшто не е лесна. Долго време поминувате во разгледување и избирање на идеалниот модел за Вас пред да ја донесете конечната одлука. Првиот чекор пред да го изберете автомобилот е проценката на Вашата финансиска сотојба во моментот и поставувањето на финасиските цели за исплата на истиот.

ПроКредит Банка Ве советува на кои прашања да обрнете внимание пред да ја донесете конечната одлука со цел да ги задоволите Вашите желби но и да останете во рамките на Вашите финасиски можности и да не се презадолжите непотребно.

 Прочитајте ги нашите практични совети при купување на нов автомобил!

1.  Истражете го пазарот и цените

Пред да појдете во салон за да купите автомобил, бидете подготвени и истражете го пазарот и автомобилите слични на тој што го посакувате. Споредете ги карактеристиките, потрошувачката, трошоците за одржување, достапноста на делови и секако цените на автомобилите.

2.  Дознајте ги Вашите права како купец

Задолжително склучете договор за купување на автомобилот, без разлика дали го купувате од салон за автомобили или купувате веќе користено возило од соственик.

Договорот би требало да ги содржи следниве одредби:

• детални податоци за тип возило, година, боја, идентификациски број, сериска и дополнителна опрема

• цена на автомобилот

• услови на плаќање и

• дополнителни белешки побарани од страна на купувачот за состојбата на возилото.

Бидете сигурни дека возилото ја поседува целата дополнителна опрема, првенствено побарајте ги сите клучеви (како и резервниот клуч).

3.  Проверете ги опциите за автомобилски кредит

Истражете ги понудите за кредит од локалните банки и финансиски институции. При избор на најповолна опција земете ги во предвит следниве 3 фактори:

·  Рок на отплата на кредит – колку подолго го враќате кредитот толку повеќе расте и вкупниот инос на каматата која треба да ја платите

·  Тип на каматна стапка на кредитот – фиксната камата ви гарантира дека истата ќе остане непроменета за даден временски период. Фиксната каматна стапка Ви нуди сигурност дека Вашата рата за кредит нема да се менува

·  Дополнителн трошоци за кредитот како провизија при исплата, административни трошоци и слично. Секогаш информирајте се за сите дополнителни трошоци со цел да имате комплетна слика за понудата за кредит

Кликнете на линкот за да дознаете повеќе за кредитните поволности и услови за автомобилскиот кредит на ПроКредит Банка.


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО