02 Мај, 2024
0.0299

ИНТЕРВЈУ Вук Радовиќ: Со Програмата Гаранција потврдуваме дека квалитетот на нашите горива се одржува до испораката до крајниот потрошувач

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Компанијата ОКТА започна кампањата со која ќе даде дополнителна сигурност на потрошувачите дека на бензински станици со брендот ОКТА купуваат горива со највисок квалитет. Оваа контрола е дел до Програмата Гаранција, нов стадиум во процесот на мониторинг на горивата низ сите фази во синџирот на набавка. Креирана да комуницира директно со крајните корисници, Програмата Гаранција има за цел да ја зголеми свесноста меѓу корисниците во врска со висококвалитетните производи кои тие ги купуваат на бензинските станици на ОКТА. Повеќе за Програма Гаранција разговараме со Директорoт за снабдување и трговија на ОКТА, Вук Радовиќ.

Насекаде низ градот видливи се билборди со пораки за контрола на квалитетот на горивото, а истото е забележливо и на бензинските станици на ОКТА. Господине Радовиќ, за какви контроли станува збор?

  • Минатата година започнавме со спроведување на една уникатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата на бензински станици кои го носат брендот ОКТА. Идејата за имплементација на Програма Гаранција настана како одговор на сомнителниот став на купувачите во однос на квалитетот на горивата кои може да се најдат на домашниот пазар. Водени од ова сознание,креиравме Програма преку која се изведуваат директни проверки на автоматите за полнење гориво на самите бензински станици, со цел да ги увериме нашите потрошувачите дека кај нас покрај врвната услуга, секогаш ја добиваат количината на гориво за која плаќаат, како и квалитет кој е во согласност со највисоките домашни и европски стандарди.

Зошто потребата од ваква програма и контроли?Vuk Radovic

  • Либерализацијата на пазарот на нафтени деривати во земјава наметнува ограничени контроли на квалитетот и количината на горивата кои се увезуваат, како резултат нанедостиг на средства и ресурси од страна на надлежните државни органи за ефикасно да го контролираат пазарот. Овој факт остава можност на пазарот да се појават производи кои не се во согласност со стандардот пропишан со локалната регулатива, предизвикувајќи негативни последици како за крајните потрошувачи, така и за бизнис секторот. Со цел да се заштитиме од нелојалната конкуренција одлучивме да воведеме нов стандард на пазарот, кој веруваме дека ќе биде пример и ќе ги поттикне и другите нафтени компании, како и државни институции, да размислуваат во насока на заштита на потрошувачите и обезбедување на соодветен квалитет на горивата. Програма Гаранција е веќе широко распространета во повеќето земји каде е присутна групацијата Хеленик Петролеум, од која е дел и ОКТА. Следејќи ја нивната експертиза, како и потребата која се наметна од недоверливоста кај потрошувачите, почувствувавме дека е вистинскимомент да започнеме со редовни и ненајавенипроверки на квалитетот и количината на горивата достапни во целокупната малопродажна мрежа на ОКТА.

Каква е користа односно бенефициите за потрошувачите од спроведување на програмата и контролите?

  • Квалитетот на горивата кои се произведуваат во рафинериите на Хеленик Петролеум Групацијата е неспорен, а со оваа програма ќе се осигураме дека истиот ќе се одржува до испораката до крајниот потрошувач. Конзистентноставо обезбедувањето на квалитет на нашите горива ја постигнуваме преку нивна трикратна контрола. Имено, првата контрола се врши во рафинеријата каде горивото се товари, втората се спроведува по пристигнувањето на горивото во ОКТА, а третата проверка се прави пред горивото да биде доставено на пазарот. Сега со Програмата Гаранција воведовме нова четврта контрола,која се одвива на самите бензински станици, односно директно на горивата наточени од автоматите за полнење. Овој сеопфатен процес на проверки нè издвојува на нафтениот пазар, како компанија со ригорозен и бескомпромисен пристап кон квалитетот.

Програмата покрај тоа што овозможува заштита и сигурност за потрошувачот, има за цел даја зголеми и нивната свесноста во врска со квалитетните производи кои тие ги купуваат на бензинските станици на ОКТА.

Како се спроведуваат контролите?

  • Со поддршка од Машинскиот факултет, создадовме мобилна лабораторија специјално дизајнирана за оваа намена. Тим од независни контролори врши постојани и ненајавени проверки на квалитетот и количината на горивата низ целокупната мрежа на бензинските станици на ОКТА. Секој автомат за полнење гориво кој што успешно ќе ја помине квалитативната и квантитативната контрола се одбележува со жолта контролна лента со ознака „Проверено“. Оваа лента е потврда за купувачот дека на таа бензинска станица добива гориво со проверен квалитет и загарантирана количина.Дел од анализата на мострите се врши на самата бензинска, а дел продолжува и во акредитирана лабораторија каде се мерат дополнителни параметри поврзани со квалитетотна горивото. Доколку резултатите од анализите укажуваат на соодветен квалитет бензинската станица се стекнува и со Сертификат.

Кои вредности се проверуваат кај горивата?

  • Прво се изведува волуметарска проверка на автоматите за полнење гориво. Проверката се спроведува со помош на еталон со волумен од 10 литри по принцип на споредба на наточеното гориво согласно броилата на автоматот и индикаторот на еталонот. Притоа се проверува дали дериватот е чист, светол и со соодветна боја. Следниот чекор вклучува квалитативна контрола односно одредување на специфичната густина и температура на испитуваното гориво. Потоа со мострирање, односно земање на примероци во метални канистри кои воедно прописно се пломбираат, се транспортираат во акредитирана лабораторија каде се прави дополнителна проверка на квалитативните својства на горивата. Акредитираната лабораторија издава извештај согласно извршената анализа на земените примероци, во однос на дозволените граници пропишани со регулативата за следните параметри: густина на 15°С, точка на палење, филтрабилност, содржина на сулфур, маркер и вода  за Еуродизел БС горивото, додека за бензинските горива (Еуросупер БС 95 и 98) се проверува густина на 15°С, истражен октански број, содржина на сулфур, бензен и напон на пареи. Целокупната проверка на квалитетот и квантитетот на горивата се прави во согласност со важечката домашна регулатива и европските стандарди.

Програмата Гаранција се спроведува веќе подолго време, досега, како е примена од граѓаните?

  • Досегашните резултати покажаа стабилност во квалитетот и количината на горивата достапни на сите бензински станици ОКТА. Имајќи предвид дека ефектите од направените контроли имаат директно влијание на потрошувачите, наидовме на позитивен одговор од нивна страна. Ваквата реакција е неминовна со оглед дека Програмата Гаранција им овозможува да се чувствуваат заштитени и сигурни за секој литар. Сега знаат дека кај нас добиваат максимална вредност за своите пари и дека секаде каде што ќе го видат знакот „Проверено”, проверката е направена до последната капка. Успехот на програмата може да се измери и преку зголемениот обем на продажба на сите бензински станици каде што е спроведена „Гаранција”.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година