01 Мај, 2024
0.0268

Интервју Јосина Камерлинг: Здружение на инвестициски експерти ќе го подобри квалитетот на пазарот на капитал

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

На овогодинешната конференција на Македонска берза, еден од истакнатите гости говорници беше Јосина Камерлинг која доаѓа од CFA Institute (www.cfainstitute.org),одговорно лице за релации со финансиски регулатори за регионот на Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА).

Како професионалец од областа на регулативата на пазарите на капитал во споменатиот регион, истакнат поборник за усовршување на соодветната регулаторна рамкаи промотор на вредностите и целите на CFA Институтот, таа им пружи поддршка на активностите на локалните носители на CFA звањето за формирање на локално Здружение на инвестициски професионалци, со амбиција за прераснување во локално CFA здружение во иднина, по исполнувањето на пропишаните критериуми.

Редакцијата на Фактор го искористи нејзиното присуство за кратко интервју кое го објавуваме во целост. 

Почитувана Г-ѓа Камерлинг, Ви благодариме за прифаќањето на ова интервју. Разбирливо за еден претставник на CFA Институтот, Вие сте еден од клучните говорници на овогодинешната годишна конференција на Македонска Берза. Дали може да ни кажете нешто повеќе за себе и за Вашата улога во CFA Институтот?

Јас сум одговорно лице за релации со финансиски регулатори за регионот на Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА). Одговорна сум за поддршка на развојните политики на CFA Институтотво овој регион, за зајакнување на влијанието на напорите за унапредување, промоција на интегритетот на пазарите на капитал и прашањата кои се однесуваат на заштита на инвеститорите. Пред да станам дел од CFA Институтот, шест години работев како советник специјализиран за финансиски услуги во рамки на Европскиот Парламент, по петнаесетгодишно искуство на сениорски позиции во банкарскиот сектор во разни држави членки на Европската Унија.

Дали би можеле да ни кажете нешто повеќе за организацијата од која доаѓате? Што претставува CFA Институтоти која е мисијата на оваа организација?

CFA Институтот е глобална непрофитна институција која претставува професионална организација за инвестициско образование. Оваа организација е водечкиот глас во развивањето и воспоставувањето на највисоки професионални стандарди на етика, образование и професионална извонредност, за крајна корист на општеството. Нашите образовни програми, засновани на пракса, преставуваат златен стандард на професионално знаење и деловна етика во инвестициската индустрија.

За што во пракса се залага CFA Институтотпри остварувањето на дефинираните цели? Дали постои вистински дијалог со регулаторите за овие прашања, дали истите се имплементирани во законска и подзаконска регулатива и кои се клучните предизвици?

CFA Институтот создава вредност за професионалците во управувањето со инвестициите и се ангажира во самата индустрија преку заземање на гледишта и позиции по однос на релевантни прашања. CFA Институтот не е организација за лобирање, туку една од нејзините дефинирани цели е промоција на добри релации помеѓу општата јавност и професионалците ангажирани во процесот на донесување на инвестициски одлуки.

Кое е Вашето мислење за пазарите на капитал во регионов, кои се предизвиците со кои се соочуваат, како во поглед на внатрешните така и во поглед на надворешните прашања?

Неодамна спроведовме анкета помеѓу нашите членови за состојбата на регулативата и регулаторните бариери за развој на пазарите на капитал во Централна и Источна Европа. Резултатите од анкетата ја потенцираат фрагментираноста на пазарите на капитал во регионот и ниското ниво на ликвидност во земјите од Централна и Источна Европа. Дополнително, по неодамнешните случаи на несоодветна продажба на финансиски продукти, постои ниско ниво на доверба во локалните пазари на капитал и ограничена побарувачка од индивидуалните инвеститори.

Од аспект на областа која ја покривате, кои се клучните активности на CFA Институтотво релациите со регулаторите?

Ние им даваме поддршка и глас на потребите на нашите членови преку консултациите со регионални и меѓународни регулатори во процесот на креирање на политиките и при спроведување регулаторни и законодавни активности, преку искажување на нашето мислење за законската регулатива преку блогови и натписи во медиумите, како и преку поддршка на нашите здруженија во застапување на ставови по прашања од значење за локалните пазари. 

Каква порака пренесувате овде?

CFA Институтот ја поддржува иницијативата за поставување на основи за ново локално CFA здружение. Верувам дека годишната конференција на Македонската берза е важна платформа на која можам да го претставам CFA Институтот, неговата мисија и активности.


Овде сте да го поддржите основањето на локално Здружение на инвестициски професионалци, професионална организација чија мисија е да ги промовира и да се стреми кон целите на CFA . Може ли накратко да ни кажете нешто за оваа организација и за тоа што може Македонија да очекува од овие професионалци?

Локално здружение во Македонија може да допринесе за овозможување на континуирано професионално образование и знаење, поддршка за кандидатите кои се вклучени во некоја од програмите на CFA Институтот, како и подобро да ги застапува интересите на нашите членови и инвестициска заедница. Исто така ќе допринесе за комуникација помеѓу инвестициските професионалци. Иницијативата за формирање на Здружение на инвестициски професионалци, со амбиција за прераснување во локално CFA здружение, доаѓа од неколку локални професионалци кои го поседуваат CFA звањето. Низ ригорозната програма на професионално усовршување со силен акцент на значењето на етиката како значаен столб на здрав пазар на капитал, тие ја имаат препознаено додадената вредност која ваквото професионално усовршување може да ја има врз локалната инвестициска индустрија, од сите аспекти, вклучувајќи го и квалитетот на управувањето со инвестициите, транспарентноста и угледот на самата професија. Се надеваме дека набрзо ќе ги исполнат предусловите за формирање на ново локално CFA здружениево регионот. 


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор