07 Мај, 2024
0.0263

Интервју со Трпе Деаноски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ

Интервју Деаноски: Корупцијата во државата е висока и мора да ја пријавуваме

Објавено во: Македонија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Корупцијата е проблем со кој доста долго се соочува нашата држава, а меѓународните организации често во своите извештаи ја истакнуваат како еден од најголемите проблеми на кои треба да се работи во насока на нејзино целосно сузбивање.

Вработените во јавниот сектор, особено во правосудните органи, секојдневно се соочуваат со предизвиците поврзани со корупцијата, со што тие се наоѓаат во клучна позиција да помогнат во нејзина идентификација и пријавување до надлежните органи.

Токму затоа, за корупцијата во јавниот сектор, но и за активностите кои се преземаат за нејзино спречување, како и за напорите кои се прават за подигнувањето на свеста за негативните ефекти од корупцијата, зборувавме со Трпе Деаноски, генерален секретар на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ – УПОЗ.

Деаноски, вашите членови односно работниците од управата и правосудните органи се оние кои се најмногу изложени на предизвиците поврзани со корупцијата. Кои мерки ги презема Синдикатот на УПОЗ за спречување на корупцијата во јавната администрација?

Деаноски: Мислиме дека корупцијата во државата е на многу високо ниво, а вработените во администрацијата и правосудството во одредени случаи можат да бидат или се сведоци на такви незаконски дејства. Поаѓајќи токму од тие причини, а имајќи ги предвид и извештаите од Европската унија, во кои постојано се потенцира корумпираноста, особено во правосудството, веќе извесен период разговаравме на кој начин Синдикатот на УПОЗ може да се вклучи во сузбивање на ваквите појави. Поддршка во нашите размислувања добивме од Агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД и во соработка со нив на почетокот од оваа година започнавме со имплементација на проектот „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен” во чии рамки организираме работилници преку кои сакаме да ги запознаеме нашите членови што е тоа корупција, какви облици и форми има и каде може да се пријави.

Кои теми се покриваат и за што конкретно се едуцираат вработените во јавниот сектор на работилниците што се организираат во рамки на проектот?

Деаноски: Најпрвин би сакал да потенцирам дека работилниците и предавањата на работилниците се водат од експерти од областа на спречување на корупција и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Иако, ние како граѓани, за корупцијата слушаме секојдневно преку медиумите и сите горе-долу можеме да дадеме приближна дефиниција што е тоа корупција, на работилниците предавачите најпрвин ги запознаваат членовите на Синдикатот на УПОЗ што точно претставува корупцијата и судирот на интереси и нивното дефинирање и препознавање. Потоа се презентираат законите со кои се регулира пријавувањето на корупцијата и судирот на интереси и механизмите за заштита при нивното пријавување, за сето тоа на крај преку практични примери да се презентира на учесниците.  

Кои ваши членки односно вработените од кои јавни установи се опфатени со работилниците за спречување на корупцијата?

Деаноски: Синдикатот на УПОЗ како репрезентативен Синдикат на ниво на држава е застапен во речиси сите органи на државната управа, правосудни органи, агенции, фондови, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините во градот Скопје, инспекторатите, итн. Право на учество на работилниците имаат сите членови на Синдикатот на УПОЗ од која било организација, но акцентот е ставен пред сѐ на правосудните органи.

Покрај работилниците, кои  други активности се преземаат во рамки на проектот во насока на справување со корупцијата во јавниот сектор?

Деаноски: Ова е прва активност од овој карактер која ја покренува Синдикатот на УПОЗ како општествен чинител и како субјект кој ја препознава корупцијата како огромна кочница во напредокот на државата воопшто. Во рамките на проектот „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен” покрај реализацијата на 8-те едукативни работилници низ целата држава наменети за нашите членови, во средината на мај планираме и одржување на завршна конференција во Скопје, но и низа други активности преку кои гласно ќе зборуваме за негативните ефекти од корупцијата. Се надеваме дека на тој начин ќе успееме да ја зголемиме свеста кај нашите членови, но и кај пошироката јавност за постоењето на овој проблем. Доколку корупцијата како негативна појава во општеството не биде искоренета, а вработените и граѓаните воопшто не ја препознаат или не ја пријават, тие не можат да очекуваат и зголемување на примањата и креирање на подобро општество и подобра работна средина.

Кои резултати очекувате да се постигнат со имплементација на проектот „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”?

Деаноски: Првенствено сакаме да утврдиме дали работодавачите од јавниот сектор ги почитуваат законските одредби предвидени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Од досегашните спроведени работилници и информациите кои ги добиваме од учесниците се добива впечаток дека овој доста значаен Закон не се спроведува во голем дел од институциите, особено во делот на процедурата за заштитено внатрешно пријавување и назначување на овластено лице за прием на пријави. Од резултатите кои ќе се добијат по спроведување на сите предвидени работилници можеби ќе произлезе и предлог за измена на постојните закони со цел дополнително да се заштитат вработените кои ќе се охрабрат да ја пријават корупцијата во институциите во кои се вработени.


Можеби ќе ве интересира

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот