16 Мај, 2024
0.0268

ИНТЕЛ: Данците најдобри претприемачи, Бугари ја спасија честа на Балканот

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Корпорацијата Интел ги објави победниците на Intel Business Challenge Europe 2012, натпревар за бизнис план во областа на технологијата кој помага да се откријат и поддржат најдобрите студенти и дипломци во Европа. Натпреварот се организира истовремено со European Forum for New Ideas (Европски форум за нови идеи), кој на едно место соединува политичари, академици и деловни водачи да дискутираат за иднината на Европа. Целта на Интел бизнис предизвикот е да ја формираат новата генерација претприемници и да го збогатат друштвото на иноватори со талентирани млади луѓе кои имаат страст добрите идеи да ги претворат во одличен бизнис. На петте победници им се подели наградата во износ од 50 000 долари и им ја врачија поранешниот претседател на Европскиот парламент, Џерзи Бузек и потпретседателот и директор на Интел Европа, Блискиот Исток и Африка. Победниците ќе ја претставуваат Европа на финалето на Глобалниот Интел предизвик 2012 на Универзитетот Беркли во ноември 2012 година. Победничките екипи прикажаа технолошко решение кое може да прерасне во бизнис преку претставување на неговите вредности, бизнис план, како и потенцијалниот пазар пред жири составено од инвеститори, бизнисмени, академици и експерти од индустријата. Првата награда во износ од 25 000 долари беше доделена на Biosyntia од Данска за нивниот придонес за помагање на хемиските производители да мигрираат од хемиско кон биолошко производство и истовремено да ги намалат трошоците и емисијата на јаглерод диоксид. Екипата Imagga од Бугарија ја освои втората награда од 15 000 долари за развивање на серија производи кои го автоматизираат процесирањето на слики во cloud компјутерот. Третата награда и припадна екипата Black Silicon Solar од Шведска за нанотехнолошкиот производен систем за соларни ќелии кои ја прават цената на соларната енергија конкурентна со фосилните горива во иднина и IRSee од Данска за систем за инфрацрвена хемиска анализа. Екипата SmartSwitch од Франција ја освои наградата на инвеститорите за безжичнен прекинувач без батерии, кој работи на енергијата од телесната топлина. „Иновацијата е камен-темелникот на 21-иот век во однос на конкуренцијата и затоа е неопходно да се пронаоѓаат начини да се одржува претприемничкиот потенцијал,“ изјави Кристијан Моралес. „Ова е седма година како се одржува Интел бизнис предизвикот во Европа и се докажува дека во соработка со невладиниот сектор, академиците и владите низ Европа може да се поттикне претприемништвото и да се одведат младите на правиот пат да станат идните иноватори и работодавци.“ Победничките екипи беа дел од 4000 апликации кои пристигнале на Предизвикот и се натпреварувале на повеќе од 20 државни натпревари на повеќе од 20 000 студенти од Европа и Израел. Потоа тие успешно ги поминале двете рунди од кои се одбрани 24 екипи кои се натпреварувале во Сопот, Полска. Сите учесници добиваат обуки и поддршка во текот на подготовките за да ги подобрат своите идеи, да направат остварливи бизнис планови и да ги подготват презентациите со цел да привлечат внимание и инвестиции.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор