16 Мај, 2024
0.0337

Инстант кредити, скапи долгови: Колку пари должат граѓаните за „брзи“ кредити

Објавено во: Економија 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Владата со закон ќе ги ограничува каматите и провизиите кои ги наплатуваат финансиските друштва за таканаречените брзи кредити, но колку пари во ваков вид позајмици моментно има кај граѓаните и кај фирмите? Бројките се фрапантни, а според податоци од Народната банка за една година бројот на склучени нови договори за ваков тип кредити се зголемил за тројно. Фактор ги анализираше збирните податоци за активностите на финансиските друштва во земјава, до крајот на минатата година, оти понови податоци нема. Според нив, вкупната актива на овие друштва изнесува дури 33,6 милиони евра на крајот на минатата година. Овие пари се пласирани во кредити кон граѓаните и кон фирмите, дел се пари кои се издадени на кредитни картички, а има побарувања и врз основа на факторинг односно откуп на ненаплатени долгови на друго место. Само за илустрација, на крајот на 2016 година вкупната актива на финансиските друштва била 996 милиони денари или 16 милиони евра, што е за двојно помалку од сумата на крајот на 2017 година.

Раст на активата од 107 отсто

Инаку од сите 33,6 милиони евра најголем дел се пари кои с еиздадени како кредити или така исплатени биле 17,5 милиони евра. Над 5,6 милиони евра исплатени се на кредитни картички додека два милиони евра се побарувања врз основа на факторинг.

По години, ако лани вкупната актива изнесува 33,6 милиони евра, во 2016 е 16 милиони евра додека во 2015 година била 14,1 милион евра. Растот е очигледен особено во последната година.


Биланс на состојба на финансиските друштва

Реклами на секој чекор, во медиуми, на билборди. Финансиските друштва масовно удрија енергично на промција, оебзбедуваат и пари и се повеќе граѓани с еинтересираат за овој тип кредити. Сепак се тврди дека граѓаните малку размислуваат како ќе ги вратат позајмените пари, па често бараат кредити, а не се интересираат за тоа како ќе се раздолжат.

Во текот на минатата година се зголемил и бројот на лиценцирани финансиски друштва кои издаваат вакви кредити за плус четири или такви се 19 компании. Најголем дел од парите кои ги пласираат во кредити овие компании ги обезбедуваат од сопствен капитал, но и од заеми. Она што загрижува е што во текот на минатата година бил влошен квалитетот на кредитното портфолио на финансиските друштва.

Се создава скап долг кај домаќинствата

А пари оттаму, според податоците земаат најмногу граѓаните, помалку правните лица односно компаниите. Впрочем физичките лица се најчести корисници на услугите коишто ги нудат финансиските друштва, со учество од безмалку 80 отсто од  вкупната вредност на активните договори, додека во вкупната вредност на новосклучените договори физичките лица учествуваат со дури 53 отсто.

„Според видот на активностите коишто ги вршат, финансиските друштва би требало да претставуваат еден вид дополнување на кредитната активност на банките, особено за клиентите коишто имаат ограничен пристап до кредитите на банките поради поконзервативните кредитни политики на банките. Од друга страна, забрзаниот раст на сегментот на финансиските друштва, коишто одобруваат кредити на мали износи со исклучително високи трошоци за корисниците на овие производи (во вид на камата или провизии и слични надоместоци), со што се создава скап долг кај некои домаќинства наметнува потреба за поголемо внимание на надлежните институции и зајакнување на надзорот над финансиските друштва, посебно од аспект на заштитата на потрошувачите корисници на кредити“, велат од Народната банка.

А Министерството за финансии предложи неодамна нов Закон со кој се ограничува стапката на вкупни трошоци з апотрошувачките кредити кои ги издаваат финансиските друштва. Вкупните трошоци, според предлогот, може да бидат најмногу 55 отсто од кредитот. ПОрано годишните трошоци не беа ограничени и достигнуваа и до 500 отсто од кредот. Со измените опфаќаат и мали кредити под 200 евра кои претходно не беза законски опфатени.

„За да ги заштитиме граѓаните, а воедно и да го намалиме ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ги направивме овие законски измени. Со нив се намалуваат и вкупите трошоци за кредитите. Со измена на Законот сега вкупните трошоци на кредитот се лимитираат на 55%, или 5 пати по стапката на казнената камата од 11%. За споредба претходно не постоеше лимит, така што давателите на кредити за мали износи и куси временски рокови наплаќаа двојно или тројно повисока сума трошоци од главнината. На пример за земен кредит од 12.000 денари на два - три месеци, граѓаните требаа да вратат 36.000 денари, рече заменик министерката за финансии Ширет Елези, пред десетина дена.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА