26 Април, 2024
0.0354

ИМАМЕ УСЛОВИ, А НЕ ГО ОДГЛЕДУВАМЕ: Зошто аспарагусот го снема во Повардарието?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

До 2006 година во Повардарието имаше поголеми површини засадени со аспарагус, култура која денес скоро и да ја нема.

Луѓето кои се занимавале со одгледување на аспарагус, велат дека ова е здрав продукт, но кај нас нема кому да го продадат, затоа што народот нема навика да користи аспарагус. Додаваат дека  во земјава има услови за одгледување на аспарагус, но проблем е пласманот.

„Аспарагусот бара мека почва, и многу вода за да успее. Тоа е нежно растение, си бара работна рака, и заштита од плевели, но кај нас народот нема навика да го употребува. Најмногу се користи во Германија, Холандија и Данска. Ние порано преку проект, работевме површина од 36 хектари, но тоа прекина по некое време“, раскажува Ангел Каракаваков од селото Стојаково.

Денес оваа култура се среќава кај земјоделци кои ја засадиле лично за свои потреби.

Роберт Иванџиков, претседател на месната заедница во Стојаково вели дека ако пред повеќе години имало аспарагус на површини од повеќе хектари, денес го нема и повеќето мештани се откажале од производство.

Струмичанецот Кирил Филев од Здружението „Македонска градина“ пред 20 години засадил аспарагус, со цел да види како ќе вирее и дали ќе има продажба.

Аспарагусот во минатото бил производ кој го јаделе само кралевите, и многу е здрав, но ние не сакаме да консумираме нешто што е здраво, немаме таква култура и навика. Во Македонија има услови, може да вирее, но немаше некоја организирана поддршка во тој период кога јас се обидов. Сум бил на плантажи во Германија, и таму ако наутро се бере, аспарагусот попладне  истиот ден веќе го има во маркети, и е достапен за купувачите“, додава Филев.

Античките Грци и Римјани го сметале аспарагусот за ценет зеленчук. Тој е еден од најстарите познати зеленчуци.

Аспарагусот е нискокалоричен, и е особено корисен за луѓето кои страдаат од едеми (акумулација на течности во ткивата на телото) и оние кои имаат висок крвен притисок или други срцеви заболувања.

Тој е доста популарен во шпанската кујна, е Кина е држава која произведува големи количини.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“