29 Април, 2024
0.0268

ИМА ЛИ КУПУВАЧИ? Станбениот квадрат поевтинува, а се повеќе се гради

Објавено во: Економија 12 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Цената на станбениот квадрат во Македонија е во постојан пад во последниве неколку години, но тоа не ги спречува градежните инвеститори да продолжат со изградба на нови живеалишта. Нивниот оптимизам дека станбената изградба уште долг период ќе биде актрактивен сектор за вложување се потхранува од бројките кои покажуваат солиден раст на издадените станбени кредити, што упатува на натамошно зајакнување на побарувачката.

Според последните податоци од Народна банка на Македонија, во периодот април- јуни 2017 година, индексот на цените на становите е намален за 3,9 отсто на годишна основа. Од централната банка сметаат дека ваквиот тренд е во согласност со надолното приспособување на цените на становите низ целата земја. Централната банка посочува дека вредноста на овој вид недвижности во Скопје се намалува веќе пет квартали по ред, без никакви најави за сопирање на негативниот тренд. Во Кварталниот извештај на НБРМ се наведува можноста за стабилизирање на растот кај понудата на станови.

- Наспроти двоцифрените стапки на раст во изминатите две години, во првиот квартал од годината е регистриран мал раст на изградбата на станбени згради, а забавување на годишната динамика на раст се забележува и кај издадени одобренија за изградба на станбени згради. На страната на побарувачката на станови не се забележани позначајни промени, така што и во вториот квартал од 2017 година продолжи солидниот раст на станбените кредити- наведуваат од Народната банка.

Централната банка од 2013 година го објавува индексот на цените на становите, како одговор на актуелноста и зголемениот интерес на јавноста за податоци поврзани со пазарот на недвижности. Овој индекс го подготвуваат стручните служби на НБМ, се однесува за територијата на Скопје и е изготвен врз основа на огласите за продажба во главниот град, а објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности. Тој не е усогласен со методологијата на Евростат, но во Државниот завод за статистика најавуваат дека наскоро ќе почнат да го објавуваат и овој индекс.

Непродадени 3.663 стана

Евиденцијата што се води во Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар покажува дека на целата територија на Република Македонија заклучно со јуни годинава има 3.663 непродадени стана кои се нудат на пазарот на недвижности, додека во тек на градба се 9.973 стана. За  разлика од првиот квартал од 2017 година, во вториот квартал, бројот на непродадените станови е зголемен за 633 стана, а на становите во градба за 1.196.

Во периодот април- јуни 2017 година, на целата територија на земјава се регистрирани  вкупно 2.336 продажби, од кои 2.185 се продажби на стари недвижности, додека, 139 се продажба на новоградби. Доколку се направи споредба на продажбата на новоградбите во овој квартал со вториот квартал во 2016 година, тогаш се забележува пад за 360 продадени новоизградени станови.

Квадрат во Скопје 50.829 денари

Државната статистика засега дава податоци само за просечната цена на еден квадратен метар станбена површина и движењето на овој показател потврдува дека за­си­ле­на­та из­град­ба на ста­но­ви и ни­за мер­ки со кои се олес­ни прис­та­пот до по­вол­ни стан­бе­ни кре­ди­ти ја спуш­тија неговата це­на. Според статистиката, просечната цена во 2016 година изнесуваше 43.091 денар за квадрат, што е за 6,5 отсто помалку во однос на претходната година.

Во Скопје, просечната цена на еден квадратен метар е 50.829 денари, што е за 3,9 отсто помалку во споредба со 2015 година, додека во другите населени места во државата таа изнесуваше 32.721 денар, што е за 1,6 отсто помалку во споредба со 2015 година.

Што се однесува до просечната цена на еден квадратен метар во второто полугодие од 2016 година, таа е намалена за 5,9 отсто во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 3,8 отсто. Наведените просечни цени на еден квадратен метар станбена површина се без данок на додадена вредност.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега