19 Мај, 2024
0.0266

ИМА ЛИ ИЗЛЕЗ?

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Јули е месец на високи температури, одмори, но и месец кога стивнува еуфоријата за учење и училиште. Завршија уписите во средните училишта, завршија притисоците за намалување на критериумите за упис во гимназиите и во медицинските и економските стручни училишта. За останатите стручни училишта - ако не бидеме примени во првите три. И се` така со години. Но што правиме ние тоа да го смениме?

Претходниот текст беше посветен на забелешките што ги нотирала Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата земја во областа на образованието, кој се движи од ограничен до умерен напредок. Тоа значи квалитетни реформи, релевантни квалификации на барање на реалниот сектор, процедури, квалитет, доверба, но и конкурентност, продуктивност и просперитет. Затоа треба да се фокусираме на тоа што постојано ни го забележува ЕК во сите извештаи: ,,Подобрување на вработливоста на работниците преку усогласување на образованието со потребите од побарувачката на работна сила и подобрување на основните и трансверзални вештини на учениците од сите нивоа на образование.“

Образовниот систем во нашата земја е многу бавен во решавањето на неусогласеноста на вештините со потребите на бизнис заедницата. Нивото на образование и вештини што ги поседува работната сила не се соодветни на потребите на економијатакако резултат на несоодветните образовни програми, ниските стапки на иновации и вложувања во инвестициите. Недостатоците кои се јавуваат во стручното и високото образование ги попречуваат учениците да се стекнат со потребните вештини и компетенции за работните процеси , посебно во индустријата и тех нолошки интензивни те сектори.

Иако се прават напори да се модернизираат програмите и да се направат пазарно ориентирани, јазот помеѓу вештините што ги поседуваат завршените ученици и дипломираните студенти и потребите на компаниите се` уште e голем и го ограничува потенцијалниот раст. Странските компании, кои се активни во производството, честопати се соочуваат со тешкотии во наоѓањето на потребните вештини во работната сила. Сето ова го ограничува излезниот потенцијал и ја назадува домашната економија.

Затоа, во најскоро време мора:

  1.  - да се идентификуваат мисијата и визијата на образованието, кои се целите за 5 години, вклучително и политиките за економски раст на земјата и да се дефинираат улогите на сите партнери;
  2. - да се направи промена на пристапот на учење од традиционалното учење базирано на факти кон учење за стекнување на општи, трансверзални и практични вештини, на што веќе работи Стопанската комора на Македонија преку поддршката за дуалното образование и реализацијата на практичната обука на ученикот во компанија;
  3. - пошироко вклучување на бизнис-секторот во профилирањето и спроведувањето на образовните програми на што постојано укажува Комората , како најстара бизнис асоцијација, која преку своите членки директно е вклучува во дизајнирањето на образовните програми и профилирањето на работните задачи во стандардите на занимања и резултатите од учење во стандардите на квалификации;
  4. - зголемување на јавните трошоци за образование - околу 6% од БДП во просек во текот на последните 5 години и зголемување на платите на наставниците;
  5. - подигнување на нивото на квалитетот на реализацијата на практичната обука на учениците во компаниите за стекнување на практичните вештини и компетенции на учениците и примена на нивното теоретско знаење. Стопанската комора на Македонија директно е вклучена во подигање на квалитетот на практичната настава преку проверката на компанијата дали ги исполнува условите за реализација на практичната обука на учениците во компаниите. Исто така, преку Анализата на Програмата за обука на ментори, Комората поттикна модернизација на Програмата согласно релевантните потреби. Но целта не е само Комората да биде вклучена во овој процес. Тоа треба да биде синергија помеѓу училиштето, ученикот, компаниите и коморите. Истовремено, многу е важно, на почетокот да се фокусираме на занимањата кои најмногу ќе придонесат за индустрискиот раст на земјата и оној дел на стопанството кој најмногу извезува и придонесува во економскиот раст на државата.

Доколку сериозно се зафатиме со решавање на забелешките на кои ни укажува ЕК, ќе го намалиме недостатокот на квалификувани работници, бидејќи недостатокот на квалификувани работници дополнително ја отежнува соработката помеѓу странските и домашните компании и ја попречува структурната трансформација на економијата.


м-р Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО