Има договор за корекција на граници меѓу Косово и Србија?
Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2019
Медиумите од Косово пишуваат дека е постигнат договор за корекција на граници со Србија.
Пратеничката Вјоса Османи изјави дека лидерите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, заедно со претставници на Европската Унија, составиле документ од 12 точки за договорот за корекција на границите и дека за тоа постигнале начелна согласност.
Газета експрес, пишува дека таа изјавила дека во документот е предвидена и корекција на границата и некои други прашања кои се однесуваат на сукцесијата. Според пратеничката тоа е договор на една страница.
„Значи, станува збор за принципот со кој ќе се третира корекцијата на границите, прашањето на Српската православна црква, Трепча и другите прашања“, изјавила Османи.
Според неа, документот нема да оди на ратификација во косовското собрание, како што се постапи и со договорот од 2013 година меѓу тогашните премиери на Косово и Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ.
Се наведува дека не станува збор за финален документ туку за нацрт договор.
Командантот пак на КФОР, генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио изјави деканишто не укажува на тоа дека може да има инциденти во Косово, но дека го „загрижуваат изјавите што доаѓаат од двете страни”.