26 Април, 2024
0.0385

Идните градски татковци ветуваат, но дали можат да обезбедат вработувања и економско заживување на општините?

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Во минатото, но и денес кандидатите за градоначалници освен решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, ветуваат и вработувања, економско заживување на градовите, и задржување на младите во земјава. Дури имало и случаи кога се ветувале и по 2.000 вработувања.

Но, реално граѓаните се скептични по ова прашање. Сметаат дека програмите се помпезни, а нови вработувања тешко се реализираат и трнлив е патот до намалување на невработеноста.

Поранешниот пратеник и советник, Бранко Арсовски вели дека во дебатите многу често кандидатите даваат ветувања надвор од нивните ингеренции. Тој смета дека тие треба добро да  го проучат Закон за локална самоуправа и во рамки на своите надлежности да предлагаат реални мерки и решенија за проблемите на граѓаните.

„Градоначалниците можат да реализираат некое симболично вработување, можат да создадат амбиент, да обезбедат парцели за инвестиции, но главен носител на проекти за вработување е државата преку министерствата“, вели Арсовски.

М-р. Мартин Новески, претседател на Здружение на економисти, статистичари и економетричари СИГМА СТАТ Скопје смета декаедно од клучните ограничувања е недоволното познавање на системот на државна управа, начинот на функционирање на јавната администрација и состојбата со буџетот.  Вели дека токму од овие причини, кандидатите за градоначалници често даваат неостварливи ветувања, и со тоа практично немаат можност да ја подобрат социо-економската слика во општината.

„На пример, јавноста ќе забележи дека во текот на кампањата кандидатите за градоначалници често ветуваат работи кои на прво место не се во надлежност на локалната власт, или пак големи капитални проекти за кои не е реално да се очекува дека би се обезбедиле доволно финансиски средства. Исто така, со исклучок на кандидатите кои се борат за повторен мандат, останатите ретко кога ги знаат административните бариери со кои би се соочиле, или пак состојбата со буџетот на општината, односно динамиката на наплата на јавни приходи, нереализираните обврски и степенот на задолженост.  Од друга страна пак, пред крајот на својот мандат често ги гледаме градоначалниците како даваат отчет за сработеното. Додека властодршците се фалат со своите успеси, опозицијата обвинува неостварени ветувања и непотребно потрошени пари. Реалноста е дека јавноста нема можност да ги провери тврдењата, ниту на едните, ниту на другите, поради слабата транспарентност и отсуството на индикатори на успешност“, вели Новески.

Тој дава пример дека во западните земји работите функционираат поинаку.

„Во Холандија, со цел надминување на овој проблем, Централното планско биро ги проверува политичките програми на партиите пред секои избори од аспект на нивната финансиска остварливост и издржаност. Доколку програмата на некоја политичка партија е нереална, истата треба да ја коригира така што ќе соодветствува со макро-фискалните проекции на Централното планско биро. Во една таква ситуација, граѓаните не треба да се грижат дали предизборните ветувања се реални или не, од причина што имаат кредибилна институција која тоа го гарантира, туку можат да одлучат за кого би го дале својот глас врз основа на различните приоритети кои им се нудат“, додава тој.

Во програмите на македонските кандидати за градоначалници се наведени и по стотици проекти.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти