29 Април, 2024
0.0398

ИАКО БЕА РАЗДЕЛЕНИ, ПОВТОРНО СЕ СОЕДИНИЛЕ ПОРАДИ ТРАГЕДИЈА: Која е убавата сопруга на Меси?

Објавено во: Стил 19 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Аргентина е новиот светски шампион во фудбал по возбудливото финале на Светското првенство против Франција. По продолженијата резултатот беше изедначен (3:3), но на пенали Аргентина победи со резултат 4:2.

Лионел Меси како најдобар играч на овој Мундијал постигна два гола и со тоа се приближи до статусот најдобар фудбалер на сите времиња. Сите погледи на светот беа вперени кон него особено затоа што ова му беше последно Светско првенство на кое играше во својата играчка кариера.

Најголемата поддршка на Меси од трибините во текот на целиот турнир беше неговата сопруга Антонела Рококо.

Фотографите ја фотографираа на трибините во познатиот дрес со број 10, кој го носи и нејзиниот сопруг, но и на теренот по освојувањето на турнирот, славејќи со сопругот.

Инаку, сегашната сопруга Меси ја запознал уште кога бил дете, кога имал пет-шест години, тој дури и кажал дека е вљубен во неа кога имал девет години. Тие се запознале благодарение на братучедот на Антонела, кој е најдобар пријател на Меси. Но, тој на 13 години морал да ја напушти земјата.


„Замислете да се преселите на нов континент со вашето семејство на 13 години. Беше комплицирано време. Од една страна, беше спектакуларно да се дојде и да се игра во Барселона. Од друга страна, беше тешко е да оставам се зад себе: моите пријатели, остатокот од моето семејство, моето детство. Стигнавме во земја каде што немав ништо. Почнав практично од нула“, изјави еднаш Меси во едно интервју.

И тој и Антонела продолжија со својот живот. Лионел изгради фудбалска кариера, а Антонела се посвети на образованието. Се запишала на стоматологија и влегла во емотивна врска со друг маж, но судбината интервенирала и ги зближила поради трагичен настан.

Имено, најдобрата пријателка на Антонела починала во 2005 година. Поради таа трагедија паднала во депресија, престанала да оди на факултет, поради што Меси се вратил во Аргентина да ја поддржи. Во меѓувреме го оставила своето момче и му дала шанса на Меси, а другото е веќе историја.

„Ме остави, но барем не ме остави за никого, туку за Меси“, изјавил еднаш нејзиниот поранешен партнер.

Двојката долго време ја криеше својата врска, за да им признае на сите во 2009 година. Се венчаа во 2017 година, а пет години пред се роди нивниот прв син Тиаго, во 2015 година вториот син Матео, а една година по свадбата и третиот Киро.

View this post on Instagram

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)



Фото: Принтскрин/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти