19 Мај, 2024
0.0291

ИАБ Македонија усвои саморегулаторен етички кодекс на онлајн издавачите во Македонија

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Собранието на здружението за интерактивно огласување, ИАБ Македонија, едногласно го усвои предлогот за усвојување на “Саморегулаторен етички кодекс на добри професионални практики во дигиталното издаваштво на територијата на Р.Македонија“ со кој се пропишуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики на медиумските издавачи во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.

“Кодексот“ (кој може да се симне од следниов ЛИНК) претставува прв чекор во процесот на средување и зајакнување на дигиталниот пазар. Покрај останатите одредби, “Кодексот“ предвидува и посебни правила за преземање на содржини од други извори, заштита на податоците на корисниците, транспарентност на издавачите на дигиталните медиуми, продажба на реклами и комерцијални објави и слично.

Претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски, по повод донесувањето на Етичкиот кодекс изјави: “Ова е значаен чекор кон исполнувањето на нашата цел за зголемување на кредибилитетот на онлајн медиумите, а со тоа и обемот на целокупниот огласувачки колач предвиден за домашните дигитални издавачи. Со “Кодексот“ сакаме да направиме дистинкција на транспарентните и професионални дигитални издавачи и да им дадеме поголема вредност во целиот медиумски и огласувачки еко-систем, па отаму ги повикуваме сите сериозни интернет издавачи и тие што претендираат да бидат такви, да го прифатат Етичкиот Кодекс на ИАБ, без разлика дали се или не се членови на здружението“.

Сите медиумски издавачи кои ќе го прифатат кодексот ќе добијат специјален “ИАБ Беџ“ и ќе бидат внесени во посебна база на сајтот на ИАБ Македонија, со што на огласувачите и маркетинг агенциите ќе им биде испратен сигнал кои медиумски издавачи ги почитуваат саморегулаторните етичките начела и се придржуваат кон фер практиките на делување. За добивање на “ИАБ Беџ“ ќе може да аплицираат сите дигитални издавачи во Македонија кои ќе ги исполнат предвидените насоки од документот и ќе се придржуваат кон начелата предвидени во Етичкиот кодекс.

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија претставува водечка асоцијација за унапредување на дигиталниот пазар во Република Македонија, формирана од страна на најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг агенции и огласувачи. ИАБ Македонија фукнционира под лиценца на американскиот ИАБ со седиште во Њујорк.


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО