16 Мај, 2024
0.0295

И ВОДИЧИТЕ ДОБИВААТ БАКШИШ: Кои туристи се најдарежливи?

Објавено во: Економија 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

При посета на Македонија, странските туристи ако се задоволни, даваат бакшиш на туристичките водичи.

Тоа е со цел да покажат дека ја цената нивната работа и сакаат да ги наградат за вложениот труд. Водичите велат дека туристите од различни земји имаат различни навики, а тоа се однесува и на давањето бакшиш.

„Да, најчесто странците даваат бакшиш. Сепак тоа зависи од државата од која доаѓаат, односно каква култура имаат на давање бакшиш. Исто така зависи од индивидуата. Секако дека зависи и од тоа дали се задоволни. Најчесто, односно речиси без исклучок бакшиш даваат Американците, односно како што се навикнати 10 проценти од сумата што ја платиле во агенцијата за турата. Исто така, Германците, Италијанците, Португалците, дел од Јужно- американските земји се од тие што даваат бакшиш. Во некои групи на пример Малезијци, Јапонци и слично, бакшишот е пресметан и загарантиран за возачот и за водичот- бакшиш кој јас се надевам дека секогаш завршува во рацете на туристичките водичи и возачите бидејќи е наменет за нив.  За повеќето групи и поединци, тоа е индивидуална одлука дали и колку ќе дадат.  Ова зависи и од тоа, не само колку се задоволни само од водичот, туку и колку дена си со нив, колку се задоволни со програмата, па дури ако си повеќе денови со нив може да влијае и задоволството од хотелите или рестораните каде ќе бидат сместени. Иако навидум работата на водич делува едноставна и забавна, сепак е многу покомплексна и за да можат да бидат задоволни туристите потребно е многу труд, исправање на грешки, решавање проблеми и ситуации… Иако туристичките водичи се платени за работата и не зависат од бакшишот, сепак навистина е задоволство да знаеш дека некој те цени тебе и твојата работа и ќе ти даде бакшиш и доколку се случува некогаш да не добиеш бакшиш, се прашуваш „дали нешто направив погрешно“? Но, сепак може некој немал пари, може немал кеш и така има повеќе објаснувања доколку туристите не дадат бакшиш“, вели туристички водич.

Од Здружението на туристички водичи објаснуваат дека одредени групи туристи даваат солиден бакшиш, но други даваат малку или не даваат затоа што знаат дека и Македонците кога одат во странство не оставаат бакшиш.

„Некои групи даваат, некои малку, некои не даваат. Некои даваат богат бакшиш, Американците, Австралијанците, Англичаните, а Европјаните зависи од каде се организирани. Јапонците си имаат стандард, тие се прецизни.  Ако си на висина на задачата знаеш колку ќе земеш однапред. Се зависи од квалитетот на водичот, колку тури, колку работни денови ќе има. Имало и анегдоти и праќање подароци. Секакви случки има, посебно ако сте со нив 10-15 дена. Мене Јапонци ми пратија стапчиња за јадење од слонова коска, украсени, со детали, со гравури“, објаснува Бранко Босилков, претседател на Здружението на туристички водичи на Македонија.

Во земјава официјално во регистар има 1.090  туристички водичи, но не се сите во земјава и не се сите активни.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА