19 Мај, 2024
0.0367

И цена од 45 долари за барел не ги спасува нафташите од банкрот

Објавено во: Свет 13 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Три нови банкроти од оваа недела покажуваат дека цената на нафтата од 45 долари за барел не е доволна за да се спасат енергетските компании кои се на работ на банкрот, коментира „Bloomberg“.

Од почетокот на 2015 година 130 нафтени и гасни производители и компании за услуги од Северна Америка прогласиле банкрот, кои должат речиси 44 милијарди долари, тврди правната фирма „Haynes & Boone“. Листата не ги вклучува „Chaparral Energy“, „Penn Virginia„ и „Linn Energy„ кои поднеле известувања за заштита од банкротство оваа недела, должејќи над 11 милијарди долари вкупно.

Барем уште четири нафтени и гасни компании со должности од над 8 милијарди долари се доближуваат до стечај, вклучувајќи ги „Breitburn Energy Partners“ и „SandRidge Energy“. Банкротирањата се забрзуваат, бидејќи за компании гладни за пари е речиси невозможно да привлечат капитал. Енергетските компании реално се исклучени од пазарите на обврзници со висок принос, банките ги намалуваат кредитните линии, а продажбата на средстваоди бавно.

„Не мислам дека моделот на студии и производство во Северна Америка е економски оправдан и не мислам дека беше навистина економски оправдан дури по цени од 80 или 100 долари за барел“, вели Џим Чанос, основач и претседател на „Kynikos Associates“, во интервју за „Bloomberg TV“ во четвртокот. „А сигурно не е по цени од 45 долари“.

Иако заглавените претпријатија може и да не најдат спас при цена на нафтата од 45 долари, некои од најдобрите оператори ќе станат профитабилни кај 50 долари, вели Субаш Чандра, аналитичар во „Guggenheim Securities“ во Њујорк. Компаниите кои најдобро можат да имаат корист од тоа ќе бидат оние со сопственост во полето „Bakken“ во Северна Дакота или во „Permian“ во Тексас.

„Ако нафтата чини 50 долари, средствата ќе нараснат драматично“, вели Чандра. „Но ќе се појави проблем, ако тие се зголемат толку многу што компаниите за услуги решат да ги зголемат цените и да го земат својот дел од нив, или ако производството реагира на тоа толку брзо а нафтата не успее да се задржи на 50 долари“ .

Иако некои од најдобрите оператори во најплодните полиња може да се пофалат дека постигнуваат рамнотежа дури кај 35 долари, тоа ја вклучува само цената на анкетата, вели Спенсер Картер, кредитен аналитичар во „Bloomberg Intelligence“. Трошоците како плати, даноци и камати лесно можат да гипотребите со уште 10-15 долари за барел, вели тој.

„Краткиот одговор е дека 45 долари за барел не спасува никого“, дополнува Спенсер . „Секој кој може да банкротира кај 30 долари, може да банкротира и кај 45 долари. Нафтата треба одржливо да достигне цена од 60-65 долари за барел, пред да забележиме реален пресврт на профитабилноста во секторот“.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто