17 Мај, 2024
0.0344

И сирискиот бизнис бега во странство, но и создава работни места!

Објавено во: Свет 12 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Кога една од најголемите кинески компании за прехранбени производи ги напушта предградијата на Дамаск во насока на прашливиот јордански пограничен град Ирбид во 2012 година, таа е една од првите сириски фирми регистрирани таму.

Денес „Al Durra General Trading and Investment“ ја споделува „слободната зона“ (која повеќето ја нарекуваат зоните за слободна трговија во регионот) со над 20 други фирми кои исто така ја напуштиле Сирија. Стотици други се преселија на други места во Јордан, додека најкрвавиот конфликт дома трае веќе шест години, пишува „The Wall Street Journal“.

Со распадот на сириската економија фирми како „Al Durra“ се преселија во многу од истите оние земји во Блискиот Исток, кон кои избегале и огромен број од нивните клиенти. Успехот на овие компании ја става под сомнение идејата дека сириските бегалци ги сикористуваат економиите на земјите кои ги прифаќаат и ја крадат работата од локалните граѓани.

Истекот на капитал и мозоци од Сирија ги фаворизира најмногу Јордан, Либан и Турција, кои како резултат на тоа предвидеа раст на работните места и новите компании. Меѓу бегалците се сириски сопственици на бизнис, чии фабрики и канцеларии се уништени. Други избираат да ги напуштат, бидејќи клиентите им избегале, а мрежите за дистрибуција им се распаднале.

„На инвестициите им треба стабилност и безбедност“, вели Халид Хамис, директор на извозот во “Al Durra“. “Условите во Сирија не принудија да го преместиме и бизнисот“.

Во Турција Сиријците основале 1429 регистрирани компании само минатата година и се претворија во „важен играч“ во економијата, изјави органот за управување со катастрофи на земјата во својот извештај во јануари. Сиријците имаат инвестирано 71 милиони долари во заеднички компании со турските бизнисмени - околу 20% од странските средства ги инјектирале во локални партнерства во Турција во 2015 година.

Во Каиро сириските ресторани кои служат шауарма (гиро) и закуски, полнети со сирење, процветуваат. Од 2011 година, кога почнаа немирите во Сирија, вкупниот капитал на фирмите, основани од Сиријци и нивни египетски партнери во Египет, е во износ од 792 милиони долари, тврди генералниот орган за инвестициите и зоните за слободна трговија во земјата.

Соседните земји на Сирија , совладани од емиграцијата, ја намалуваат поддршката за зголеменото бегалско население и делумно се затвораат пред отворените граници. Турски, либански и јордански претставници велат дека инвестициите и вештините кои ги носат сириските бизниси не ја компензираат сериозноста на грижата за толку многу бегалци. Потребна е и уште поголема меѓународна помош.

„Либан не може да го финансира овој огромен товар сам“, рече премиерот Тамам Салам на донаторската конференција на високо ниво на ОН за кризата во Сирија, организирана во Лондон минатиот месец.

Јорданскиот крал Абдула, кој е домаќин на околу 600 илјади Сиријци, регистрирани во бегалската агенција на ОН, изјави на истата конференција дека за бегалците оди над 25% од годишниот буџет на земјата. „Тоа е исто како што Обединетото Кралство да треба да го прифати целото население на Белгија“, рече тој.

И покрај финансиските тешкотии Јордан собира дивиденда од сириските бизнис инвестиции. Слободните зони на Јордан имаат годишен извоз за 5 милијарди долари, а од нив половина милијарда долари доаѓаат од сириски компании, тврди Набил Ромман, претседател на „Jordan Free Zones Investors Commission“.

За раселените Сиријци нивно повторно воспоставување во нови земји значи да се борат со локалната конкуренција и законските пречки. Добивање на дозволи за работа може да биде тешко. Сириските бегалци не можат да работат легално во Либан. Турција неодамна го олесни давањето на потребните дозволи.

Сириец кој поседува продавница за парфеми во Триполи, Либан, вели дека повеќето сириски бизнисмени работат без регистрација, често вработуваат други Сиријци без дозволи за работа.

Повеќе од половина сириски фирми во соседен Либан се започнати, откако започнува бегалскиот прилив во 2011 година, изјавија од Светската банка минатата година. Оттогаш Либан примил над 1,2 милиони Сиријци.

„Al Durra“ имала 1500 вработени и 3 фабрики во Дамаск. Сега 450 Сиријци и Јорданци работат рамо до рамо во комплексот во Ирбид пакувајќи лозова сарма и Беркли казани со сусам алва. Компанијата отворила и помала фабрика во Египет, која оперира легално.

Менаџерите на „Al Durra“ се надеваат да го променат изгледот на Сиријците од беспомошни бегалци во подготвени инвеститори и способни работници. Околу 70% од работната сила на „Al Durra“ во Ирбид се Јорданците, останатите се Сиријци со дозволи за работа, велат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји