29 Април, 2024
0.0368

И граѓани со блокирани сметки ќе добијат по 6.000 денари, еве кој влегува на листа

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Ако некој корисник на финансиска поддршка од 6.000 денари од Владата има блокирана трансакциска сметка, тогаш банката која има договор со Владата треба по негово барање да му отвори посебна трансакциска сметка поврзана со времена дебитна платежна картичка на трошок на банката на која ќе ја прими финансиската поддршка и која ќе биде изземена од извршување по било која основа. Ова е дел од Законот за финансиска поддршка на повеќе категории граѓани кој веќе стигна во собрансика процедура. Фактор вчера објави први детали од Законот, а според него помош добиваат граѓаните со низок доход, пензионери до 15.000 пензија корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. 

Конечната листа кој ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk осум дена откако Законот ќе биде изгласан и ќе биде објавен во Службен весник. Како што објавивме парите ќе се даваат на транскациска сметка а ќ еможат да се трошат преку употреба на дебитна картичка и нема да можат да се подигнуваат како готовина. Сите 6.000 денари ќе треба да се потрошат до 25 декември.

Овој пат Владата прво ќе избере во кои дуќани ќе можат да се трошат парите и тие ќе бидат јавно објавени на интенет страницата kupuvamdomasno.gov.mk. Сите фирми кои ќе бидат избрани ако се продавници за трговија на мало должни се да обезбедат посебно обележани рафтови и гондоли со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата - корисници на финансиската поддршка од овој закон. Доколку во објектите за трговија на мало не постои можност за издвојување на македонските производи на посебно обележани рафтови или ако со издвојувањето се нарушува нивниот квалитет или рокот на употреба македонските производи должни се да ги означат со видна етикета на која исто така ќе пишува „КУПУВАМ ДОМАШНО“.

Во заонот стои и дека правните лица во кои ќе се трошат овие пари мора да имаат каса на која се издаваат фискални сметка која задолжително содржи линија за вкупен промет остварен од македонски производи. Со парите ќе може да се купува и он лајн. Инаку како што веќе објавивме додека е во собраниска процедура законот, парите нема да легнат на сметките.

Кој добива помош? Според законот граѓани со низок доход се лица кои бараат работа (пасивен барател на работа) во Агенцијата за вработување заклучно со 27 септември годинава и кои од јануари до август годинава оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари. За да добијат помош пензионерите треба да не имаат од јануари до август доход поголем од 120.000 денари, односно месечен износ на доход по основ на пензија не поголем од 15.000 денари. Помош ќе користат и корисници на право на социјална сигурност на стари лица кои имаат 65 годишна возраст, а кои користат право на социјална сигурност и се евидентирани во центрите за социјална работа.

„Млади лица“ се лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години а кои се активни учесници во формалното средно образование, во високото образование, а не биле опфатени, односно биле испуштени во претходниот пакет на економски мерки. 

Пари добиваат и самохраните родители односно родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права, но треба да е евидентиран во Министерството за труд и социјална политика. И тие не треба да имаат доход поголем од 120.000 денари до август., Истото важи и за уметниците, естрадните уметници и филмските работници. 

По 6.000 денари ќе добијат и дeца без родители и родителска грижа однонсо деца чии родители не се живи, кои се исчезнати, непознати или се со непознато живеалиште повеќе од една година и дете чии родители без оглед на причините привремено или трајно не ги извршуваат своите родителски права или должности ставени под старателство од надлежен центар за социјална работа.

Другите детали овде

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи