11 Мај, 2024
0.0309

И директорката на Нефрологија позитивна на вирусот: Ова е прв пат да имаме масовен број инфицирани од медицинскиот кадар

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Директорката на Клиниката за Нефрологија, д-р. Ирена Бушлетиќ за Фактор потврди дека досегашните тестови на вработениот медицински кадар покажале дека во оваа здравствена институција има 21 позитивен на Ковид-19. Вели дека ова е прв пат масовно да имаат заразени од медицинскиот кадар од почетокот на епидемијата и откако Клиниката за нефрологија е ковид-центар.

-Во моментов осум медицински сестри се заразени од вкупно 52. Заразен е еден лаборант. На нашата клиника има само двајца, но ние немаме лабораторија, туку се земаат примероци од пациентитем позитивен е и еден психолог, 2-3 болинчари, како и 9 доктори од вкупно 24-25. Не треба да се прави паника дека нема кој да работи на клиниката, бидејќи имаме доволно персонал, има и медицински сестри, како и доктори и болничари. Тоа воопшто не треба да биде аларм. Аларм треба да биде бројката на инфицираните, бидејќи сите овие случаи се појавија во последните ден-два, што значи дека контактот бил од последните неколку дена. Она што и нас како здравствени лица не интересира е како е дојдено до масовно заразување, бидејќи на клиниката немаме никакви групирања, немаме заедничко пиење кафе, персоналот е искусен, ниту пак ниеден од нас не влегува наивно кај болните од Ковид-19. Имаме и доволно заштитна опрема. Во моментов не се чекаат повеќе резултати од тестови, но никогаш не е исклучена можноста некој од колегите да е сега во инкубација, појаснува д-р. Бушлетиќ.

Истовремено дополнува дека се заразени колеги од различна возраст, но за среќа како што вели, сите засега се ос лесни симптоми.

-Во моментов сите сме со лесна клиничка слика, и навистина се надеваме дека така ќе истане, иако сите знаеме колку вирусот е навистина непредвидлив и колку е опасен.  

Инаку, како што вели директорката Бушлетиќ, на Клиниката за нефрологија постојано има позитивни пациенти, дури и во т.н. чист дел, каде пто имаат посебна процедура како треба да се водат пациентите кои се на дијализа, зошто освен во ГОБ „8 Септември“, кој има многу помал капацитет, Клиниката за нефрологија останува единственото место за овие пациенти. 

Анита Буховски

ФОТО/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени