И денеска бомби: Јанушев со закани
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020
Две нови бомби во кои се слуша телефонски разговор меѓу Игор Јанушев и Миле Јанакиески од ВМРО-ДПМНЕ се објавени денеска на јутјуб.
Со оглед на тоа дека секој ден се ставаат од нов канал, денеска се поставени на канал со име Обнова на режимот. Во разговорите Јанакиески и Јанушев кој сега е носител на листа од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица повторно разговараат за изборни гласови.
Зборувајќи за некои сопартијци Јанушев вели дека „ќе ги убие“. Тој револтирано раскажува како извесна Даниела и Ратко го нервираат затоа што не биле добро координирани каде да ги однесат компјутерите.