02 Мај, 2024
0.0264

ХУМАНОСТА НА ПРВО МЕСТО: Еден милион денари од хуманиот хепенинг на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ќе одат за Детска клиника

Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ уште еднаш на дело ја покажа хуманоста која е еден од темелите со кои „Алкалоид“ расте и се развива години наназад.

Речиси еден милион денари собрани од големото алкалоидово семејство ќе бидат донирани за доопремување на два оддела на „Клиниката за детски боелсти“ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје: одделот за епилепсија на одделението за неврологија и одделот за астма на пулмо-алерголошкото одделение.

Традицијата наречена хуманирен пикник денеска ги собра вработените, членовите на нивните семејства и нивните пријатели за седми пат со што продолжи хуманата мисија чија главна цел е подобрување и унапредување на позитивните општествени вредност.

„Нашите вработени и нивните пријатели уште еднаш покажаа дека се хумани. Ние денеска се собравме врзани со она што претставува дел од општествената одговорност на компанијата Алкалоид . Преку собирање средства преку овие корпоративни маички собравме над еден милион денари, средства кои ќе ги донираме на клиниката за педијатрија и тоа на одделите за епилепсија и одделите за астма“, изјави генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје, г-дин Живко Мукаетов.

Г-дин Мукаетов посочи дека ќе се трудат и понатаму да бидат уште похумани и  поодговорни како поединци и како компанија и да придонесуваат за еден подобар живот на сите околу нас.

На хуманата мисија и донација благодарност до генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје искажа Директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ која посочи дека се надева оти оваа хумана соработка ќе продолжи и во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа