31 Октомври, 2024
0.0282

Хрватите се бунат, бараат поевтина достава на пиците!

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Хрватската стопанска трговска и занаетчиска комора силно се спротивстави на примената на одредбите од Правилникот за данокот на додадена вредност (ДДВ), според кој намалената стапка на ДДВ од 10 отсто не се однесува на услугата за достава на храна од угостителските објекти или при нарачка на храна за конзумација надвор од ресторанот, поради што е побарана итна измена на оваа уредба. Со Правилникот за ДДВ, кој стапи на сила од 1 Јануари, се разработува спроведувањето на намалената стапка на ДДВ 25 на 10 отсто на услугите за подготовка на храна и како и за храната, безалкохолните пијалоци, вино и пива кои се служат во рестаран, согласно Законот за угостителска дејност. Сепак, во овие услуги не влегува и испораката, односно доставата на храна од угостителските објекти чија стапка на ДДВ останува 25 проценти. Станува збор за услугите на објектите за кетеринг, но и за слаткарниците, пицериите и другите угостителски објекти, кои нудат храна што се испорачува до корисникот. Од Комората веруваат дека оваа уредба и ваквото толкување на Правилникот, се покажува основно непознавање на угостителската професија. „Кетерингот и објектите за поедноставни услуги(пицерии, слаткарници..) се наведени во Законот за угостителска дејност и никако не треба да бидат одвоени од другитеугостителски објекти во однос на даночниот третман“,сметаат во Хрватската стопанска трговска и занаетчиска комора. „Иако се наведува дека ова е усогласување со директивите на ЕУ и овие видови на објекти не даваат угостителски услуги и затоа не може да имаат намалена стапка на ДДВ од 10 отсто, европската пракса не е таква“, велат од Комората. Конкурентните земји кои имаат усвоено пониска стапка на ДДВ за угостителски услуги, како што се Италија, Словенија, Франција, Турција и Шпанија, не прават разлика помеѓу претпријатија каде што храната се конзумира во просториите и оние кои доставуваат до корисникот, посочуваат стопанствениците. Тие сметаат дека на овој начин, овие објекти и овој вид на угостителски услуги се оштетени во споредба со другите видови на ресторани и ќе бидат помалку конкурентни.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери