18 Мај, 2024
0.0261

Хонгконг ја загуби титулата најголем пазар на луксузни часовници

Објавено во: Свет 27 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Хонгконг ja загуби титулата на најголемиот пазар на луксузни часовници во светот, откако беше надминат од САД. Тој е најновата жртва на речиси едногодишниот пад на светскиот извоз на швајцарски часовници, бидејќи потрошувачите се одбиени од најскапите предлози, пишува Wall Street Journal.

Во Хонгконг извозот на швајцарски часовници се намалил за близу 33% во јули, во споредба со 14% пад на глобално ниво во однос на една година порано. Во САД падот е 14,7%, а вкупниот извоз на швајцарски часовници во земјата достигна 178,5 милиони швајцарски франци (185 милиони долари).

Износот на Хонгконг паднал под 175 милиони швајцарски франци во јули, под близу 260-те милиони швајцарски франци година порано, покажува статистиката на Федерацијата на индустријата за швајцарски часовници.

„Богатите Кинези веќе не сакаат луксузни часовници“, коментира Шон Рајна, основач на China Market Research Group, која ги советува high-end брендовите. „Новиот луксуз е да одиш на сафари во Боцвана . Веќе не е да носиш часовник за 5 илјади или 15 илјади долари“.

Хонгконг одамна е топ пазар за луксузни часовници, но продажбата беше погодено сериозно од силниот хонконгски долар и од антикорупциската кампања на владата. За да ја стимулираат продажбата и да ги смират трговците, производителите на луксузни часовници, вклучувајќи Cartier и Tag Heuer, ги повлекуваат слабо продаваните скапи часовници, за да направат место за поевтини производи, кои се продаваат побрзо. Луксузните брендови под капата на гиганти како Cie. Financiere Richemont, LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton и Swatch Group истовремено пуштаат подостапни верзии на своите часовници, додека украсените со дијаманти модели отстапуваат место на такви од нерѓосувачки челик на пример.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто