Холивудска актерка пронајдена обесена во хотелска соба
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2016
52 годишната холивудска актерка Лиса Лин Мастерс е пронајдена обесена во нејзината хотелска соба. Таа престојувала во Перу и според првичните информации се обесила со здолништето, а нејзините пријатели и роднини посочуваат дека подолго време се борела со депресија. Мастерс се има појавено во повеќе ТВ серии како „Грдата Бети“, „Озборувачка“, „Закон и ред“ и неодмна во „Нескршливата Кими Шмит“.