29 Април, 2024
0.0375

Холандија: Марихуаната забраната, ама се продава насекаде!

Објавено во: Стил 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Градските власти на Амстердам и Ротердам одлучија да ја игнорираат законот за забрана на продажба на лесни дроги на странците.

Мирисот на запалена марихуана и хашиш кој ги мами и ги весели многу туристи во разни кафулиња во тесните амстердамски улици, не исчезна. Обидот за воведување на стриктен закон за продажба на лесни дроги на странци кој е во сила од први јануари оваа година, за сега е целосно промашување.

- Замислете да одите во Австрија и да можете да скијате само ако сте државјанин на Австрија. Тоа е незамисливо - вели Мајкл Вејлинг, додека во својот кофи-шоп под името 420 во центарот на Амстердам задоволно ги гледа муштериите кои главно се туристи.

Овој сопственик на кофи-шоп всушност е контроверзен политичар и лидер на амстердамскиот огранок на Демохристијанската партија, како и претседател на унија на сопственици на кофи-шопови. Вејлинг вели дека познава многу луѓе во Амстердам, но дека не познава никого кој е согласен со забраната.

Новата холандска Влада реши да ја забрани можноста на странците да купуваат марихуана и хашиш, но на локалните самоуправи им остави одврзани раце како да ја спроведат таа забрана.

Градските власти на Амстердам и Ротердам на пример се одлучија овој закон да го игнорираат, а истото го направија и сопственици на околу 200 канабис-кафулиња во градот Амстел.

Дека забраната за сега е само на хартија сведочат многу туристи во кофи-шоповите, кои во јануари лесно можат да се препознаат бидејќи речиси сите носат сувенир-капи со името на главниот град на Холандија. Најчесто се одлучуваат за некои видови од менијата или ги прашуваат продавачите за препорака.

Продавачот го интересира од каде се, но само од љубопитност. Нема легитимирање на некој што купува лесна дрога, а дозволено им е да уживаат во неа во самото кафуле.

- Мислам дека таа забрана наскоро ќе биде укината, Амстердам сигурно нема да ја поддржи, а што е дозволено во Амстердам, дозволено е и во другите градови. Не може да се спроведува селективна демократија - истакнува Вејлинг.

Во позадина на донесувањето на оваа одлука всушност лежи притисок од земјите од соседството кои ги обвинуваат Холанѓаните поради претерана толерантност во однос на лесните дроги. Во пограничните делови постои страв од шверц на поголеми количини, а таа загриженост ја изразија Германија и Белгија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти