08 Мај, 2024
0.0257

Хојт Ји: Македонија има шанса во 2018 година конечно да го реши спорот за името

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Американскиот заменик-помошник државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји вели дека има политичка волја и во Скопје и во Атина за решавање на спорот за името.

„Мислам дека Македонија има шанса во 2018 година конечно да го реши спорот за името со Грција. Првпат по долго време има политичка волја и во Скопје и во Атина, и Македонија има шанса да ја оствари оваа цел“- вели Ји во интервју за ТВ Н1.

Објаснува дека НАТО има политика на отворени врати, никого не присилува да стане членка, а оние земји кои ги исполнуваат условите за членство се добредојдени. 

Од македонска и од грчка страна веќе имаше најави дека во 2018 година е можно да има решение на спорот за името. 

За ова прашање денеска грчките партии имаа состанок во Атина. 

Грчката Влада поддржува и преговара за сложено име за сите употреби, она што Грција го презентираше како позиција во Букурешт. 

Можеби ќе ве интересира

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач