ХИТ ВО ВИЕНА: Предавања од пропаднати претприемачи
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2017
Пропаднати претприемачи во Виена одржуваат средби и предавања за да ги информираат другите какви грешки правеле и да ги охрабрат тие да не го прават истото.
Саломе Вагнер и Дејан Стојановиќ ја покренале идејата за еден ваков настан.
Концептот потекнува од Мексико каде во 2012 година 5 пријатели одржале ваква средба.
Во меѓувреме вакви настани се организираат во 58 земји, а во Австрија уште во 2014 година.
Влезот е бесплатен, а претприемачите велат дека и неуспехот е дел од успех.
Тие порачуваат дека по неуспех треба да се соберат сили и да се оди напред.