Хакерски скандал го тресе Кралското семejство во Велика Британија
Објавено во: Свет 25 Септември, 2016
Британски хакер е уапсен од полицијата под сомнение дека упаднал во корисничката сметка на Пипа Мидлтон, сестра на принцезата Кејт. Тој на таблоидот „Сан“ им понудил за 50 илјади фунти да им продаде илјадници слики од Пипа со нејзиниот свршеник, а имало материјали и од кралското семејство од Кејт и Вилијам, како и од нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Засега нема информации дали хакерот ги сочувал сликите на други места и на кој се ги нудел, но ништо од нив не е протечено на интернет.