07 Мај, 2024
0.0239

Хајко Мас по гласањето за Македонија: Одлуката на Бундестагот ќе ги убеди и другите во ЕУ

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, и честиташе на Македонија по одлуката на Бундестагот на земјата да и се одобри датум за преговори со ЕУ во октомври и наведе дека позитивниот исход од гласањето ќе влијае и другите земји-членки, кои не се убедени до крај, да го одобрат истото.

„Одлуката го подвлекува значењето кое Западниот Балкан го има за ЕУ. Истовремено јасно се става до знаење дека реформите се ценат. Обете земји мораат да ги продолжат реформските напори, за да го продолжат патот кон ЕУ. Јас сум убеден дека условениот пристап на Бундестагот ќе убеди и други во ЕУ да го одобрат почетокот на преговорите“, изјави шефот на германската дипломатија.

Пратениците на Бундестагот, со големо мнозинство изгласаа владата да пристапи кон отворање на пристапни преговори со Северна Македонија во октомври. „За“ гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 беа воздражани. Од Македонија се бара исполнување на критериумите за членство во ЕУ, но и гаранција за заокружување на реформите, особено во делот на владеење на правото.

Благодарност до Германија веднаш по зеленото светло упатија премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и претседателот Стево Пендаровски.

За официјален почеток на пристапните преговори ќе биде потребна позитивна одлука на самитот на шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Унија кој ќе се се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта