17 Мај, 2024
0.0282

Групата „ФЕРШПЕД“ изгуби една милијарда денари приходи од продажба!

Објавено во: Економија 23 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Намалени приходи од продажба има кај „Фершпед“, „Лотарија на Македонија“ и „Сковин“. Единствен од акционерските друштва во групата раст на приходите има „Хотели Метропол“. Добивката на групата изнесува 100.000 евра што е 0,3 отсто од приходите од продажба! Групата „Фершпед“ изгубила една милијарда денари приходи во првите шест месеци годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните консолидирани неревидирани резултати објавени на Македонската берза. Вкупните приходи од продажба за првото полугодие изнесуваат 1,89 милијарди денари (30,7 милиони евра), а лани изнесувале 2,87 милијарди денари (46,6 милиони евра). Во групата „Фершпед“ има четири акционерски друштва од кои едно е матичната компанија на групата – „Фершпед“ и останатите се: „Сковин“, „Фершпед Брокер“, „Лотарија на Македонија“ и „Хотели Метропол“. Во структурата на групата „Фершпед“ има уште девет друштва со ограничена одговорност меѓу кои се претставништвата на „Фершпед“ во: Солун, Белград, Бар и во Приштина, претставништвото на „Сковин“ во Белград и домашните друштва: „Мако нафта“, „Агрофер“, „Југ комерц“ и „ Фершпед транс“. Анализата на податоците покажува дека во значаен дел намалувањето на приходите од продажба на групата се должи на пад на приходи од продажба на: „Фершпед“ за 9 отсто (околу 200 милиони денари), „Сковин“ 15 отсто, „Лотарија на Македонија“ со пад од 57 отсто. Единствено „Хотели Метропол“ имаат раст на приходите од продажба за 22 отсто. Иако нема податоци за друштвата со ограничена одговорност може да се претпостави дека и таму има значаен пад на приходите. Добивката на групата за првото полугодие годинава била само 100.000 евра што претставува 0,3 отсто од сите приходи од продажба. Најголемиот и најзначаен член на групата воедно и сопственик на сите други друштва шпедитерската компанија „Фершпед“ во овој период оствари приходи од продажба во износ од 1,61 милијарди денари што е 200 милиони помалку од истиот период лани. Оперативната добивка на компанијата е 20 милиони денари што претставува 1,3 отсто од приходите од продажба. Нето добивката на „Фершпед“ изнесува 49,9 милиони денари и е резултат на позитивната разлика помеѓу финансиските приходи и финансиските расходи. За шпедицијата „Фершпед“ е важно да се истакне и тоа што нивото на долгочорно задолжување е зголемено за 284 милиони денари (130 отсто) и сега изнесува 504 милиони денари. За сметка на тоа пак од друга страна тековните обврски на компанијата се намалени за 358 милиони денари и изнесуваат 324 милиони денари. Обврските спрема добавувачите како најголема ставка се намалени за 329 милиони денари и изнесуваат 227,4 милиони денари. Воедно во овој период (првото полугодие) „Фершпед“ платил 150,9 милиони денари (2,5 милиони евра) за да откупи 9,9 отсто од неговите акции. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија