Груевски; Судењето повторно продолжува надвор од работното време
Објавено во: Македонија 20 Април, 2018
„И денеска, иако не толку како што во претходни прилики кога се случуваше судењата да траат по 11 часа, судот надвор од работното време го продолжи судењето без да образложи зошто е тоа потребно, случајот нема ниту итност, ниту е сложен, а ниту има притворени, што пак не е случај и со други други личности во овој суд“, изјави Никола Груевски, поранешен премиер по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Тенк“ на СЈО.
Тој вели дека сите 11 сведоци денеска сведочеле во корист на одбраната и во исправноста на она што тие го тврдат.
„Ова е бесмислен и апсурден предмет, кој е дел од политичкиот прогон врз мене лично и врз моите соработници“, рече Груевски.
Денешното сведочење на сведоците е релевантно, затоа што тие се стручни лица кои во детали одговориле на нападите на обвинителството, смета Груевски.