Груби: Ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017
Артан Груби од ДУИ вели дека ситуацијата која е сега во Собранието изгледа ќе трае долго.
Тој го оправдува блокирањето на Парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека такво нешто правеле и ДУИ, но и СДСМ. За пораките на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и на високите претставници на Брисел за кризата, Груби во емисијата „200” го повтори својот став дека кризата во Собранието може да трае подолго од очекуваното, па дури и до четири години.
„Имавме многу пораки од Брисел упатени особено до Иванов и до ВМРО-ДПМНЕ за да се деблокира ситуацијата, за да не се држат во заложништво граѓаните, но и економскиот развој и мирот во земјата. Но, тие се оглушуваат на апелите, бидејќи ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго и не само 2-3 недели како што мислевме на почетокот, туку според однесувањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ова може да трае и неколку години“ - рече Груби.
Тој посети на периодот кога во Собранието беше блокиран Законот за бранители и тоа од Талат Џафери.