Грците ќе протестираат на Евзони?
Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2018
Според неофицијални информации протести ќе има на 18 февруари на граничниот премин Евзони, на 4 март во Серес и на 18 март во Комотини.
Во пресрет на протестот во недела кој ќе се одржи во Атина по повод спорот со Македонија за името, поранешниот премиер Андонис Самарас кој е во посета на областа Месинија се сретна со Киријакос Мицотакис, лидер на Нова демократија, син на поранешниот премиер Константин Мицотакис.
„Неделата ќе биде голем ден за Грција”- вели Самарас.
Инаку Кирјакос Мицотакис, лидерот на опозициската партија Неа демократија во Грција, по неодамнешната средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави дека нема да дозволи да ги делат Грците, за да ги обединуваат Скопјаните.
Претходно протест имаше во Солун против употреба на терминот „Македонија“ во решението, и на него излегоа 90.000 луѓе. Во Солун беше запалено македонското знаме, за што немаше реакција или осуда од ЕУ.Грците со многу остар речник се обраќаат кон Македонија, но и се закануваат на домашните политичари.