02 Мај, 2024
0.0265

Дали „прохибицијата“ ќе падне?

Граѓаните сѐ се погласни дека ригорозните мерки за ограничување на времето за продажба на алкохол е конрапродуктивно

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Кога пред девет години тогашната Влада одлучи да воведе забрана за продажба на алкохол по 19 часот односно 21 часот, многумина реагираа дека се случи „прохибицијата во 21 век“. И како што бива во секоја прохибиција, односно забрана, токму „забранетото“ станува предмет на  „истражување “ и „фокус“ и тоа  токму на тие за кои забраната се воведува. И од проблем кој не постоеше, се создаде  проблем. Па така, имавме прилика да видиме млади лица по парковите со „жесток“ алкохол, кој ќе биде доволен за сето дрштво. Колку пожесток, толку подобро. Зошто наместо 20 пива или 5 вина, еден литар „домашна“ врши работа за сите. Домашната најчесто направена од којзнае што. Купена на пазар, под тезга. Но тоа е веќе друг проблем, за друга тема. И така, законот се применува, а реално на теренот се случува токму обратото.  Исто како кога  се зголемуваат даноците, тогаш државата по правило наплаќа помалку, зошто фокусот на тие што треба да го платат е токму спортивното, да најдат начин како да платат помалку, зошто се „исплати“.  Во корист на ова паралела зборува и последниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен во 2016-та година каде се констатира: „Консумацијата на алкохол денес не е само појава кај возрасните лица, туку и кај младите луѓе чиј број од ден на ден станува се поголем“.

Новата Влада треба сериозно да размисли да ги врати работите таму кај што беа. Македонија по ниту еден параметар нема потреба од рестрикција за продажба на алкохол. Освен онаа на малолетни лица, која е сосема во ред. Но во земја во која на пример се пијат околу 30-ина литри пиво по глава на жител,  наспроти да речеме соседна Србија каде тоа е двојно повеќе или Германија за четирипати повеќе, апсолутно нема потреба да прави проблем онаму каде што го нема.

Од друга страна, пивото и виното имаат сериозен удел во националната економија, во сегментот на производство и продажба. Забранувајќи ја нивната продажба по 19 односно 21 часот, потенцијалните консументи по автоматизам се насочуваат да складираат нешто „појако“. Произвoдителите на пиво и вино произведуваат помалку, државата наплаќа помалку даноци, а тие на кои се однесува забраната се снаоѓаат под маса со разно разни непроверени напивки со „брзо“ дејство. Сите се „зијан“.

Заради сето ова, а и уште многу аргументи и факти, сосема е во ред барањето кое кружи по социјалните медиуми да се укине оваа небулозна забранакоја е сѐдруго, ама не сериозна и издржана мерка. 

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година