26 Април, 2024
0.0326

Граѓаните полесно ќе се исклучуваат од парно, ама ќе треба да докажат дека станот им бил празен и ќе плаќаат фиксен надоместок

Објавено во: Економија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика денеска на заедничка маса со снабдувачите на топлинска енергија - Снабдување со топлина БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Претставниците на енергетските компании разговарале со  регулаторите за подготвеностана топланите за снабдување со топлинска енергија во пресрет на новата грејна сезона 2020/2021 година.

„БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север ги имаат направено сите неопходни подготовки за старт на грејната сезона. Две опции се можни во однос на почетокот на грејната сезона. Според првата, грејната сезона започнува на 15 октомври и трае до 15 април наредната година. Според втората опција, по исклучок, снабдувањето може да започне и од 1 октомври доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква од 12 степени целзиусови, според податоците на УХМР“, вели Марко Бислимовски, прв човек на Регулаторната комисија за енергетика. 

Инаку, како што сооѓшти Бислимовски, сите три топлани согласно препораките од Министерството за здравство се соодветно организирани во тимови кои ќе работат на смени, се со цел да им излезат во пресрет на потребите на потрошувачите. Во изминатиот период поради состојбата со Ковид 19 најголем дел енергетските компании ги дигитализираа услугите, за информирање и пријавување на дефекти за сервис преку соодветни платформи на нивните веб страни.

Исто така, до 31 октомври поедноставени се условите за исклучување на корисниците на топлинска енергија од системот, чии што станови се празни, односно не се користат. 

„Граѓаните ќе треба да достават само барање за исклучување и изјава до Снабдувачот, кое практично и автоматски ќе се прифати, со што овие граѓани ќе го плаќаат фиксниот надоместок за топлинска енергија. Но, по завршувањето на грејната сезона овие граѓани ќе мора да потврдат дека станот бил празен во текот на грејната сезона, со тоа што  во мај наредната годинаќе треба да приложат сметки за електрична енергија со максимална дозволена фактурирана потрошувачка до 50 kW/hмесечно или максимално до 350kWh заизминатата грејна сезона“ изјави Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Во Скопје вкупно околу 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија.

Од почетокот на годината до сега има околу 1.000 нови потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на топлина. 

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина