05 Мај, 2024
0.0248

ГРАФИКА: Исламската држава – една година подоцна

Објавено во: Свет 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Заканата од исламистички тероризам во Европа ќе продолжи да расте, додека радикалната група "Исламска држава" ја задржува контролата на така наречениот свој калифат во Сирија и Ирак, тврди германското внатрешно разузнавање, цитирано од DPA. "Воените успеси на ИД и прогласувањето на калифатот создадоа нова димензија на терористичката закана", се вели во извештајот за 2014 година на Федералната служба за заштита на уставот. Ако ИД успее да воспостави долгорочна, глобалната света војна Џихад ќе се здобие со логистички центар, од каде треба да се координираат комплексни напади, се вели во извештајот. Прогласувањето на калифатот и воените успеси на Исламската држава создаваат атмосфера на еуфорија меѓу европските џихадисти, што доведува до постојано растечки бран на поддршка за терористите, се наведува во документот. Германското внатрешно разузнавање исто така, забележува дека бројот на десничарските екстремисти во земјата е намален, но се зголемија нападите и ксенофобичните искази на такви групи против бегалските центри. Точно пред една година на денешен датум Исламската држава најави создавање на Исламски калифат во прекуграничниот регион на Ирак и Сирија. Влошената ситуација и маките особено на Јазидите ги принудија САД да преземат воени дејствија, заедно со неколку свои сојузници. Нападите од воздухот започнаа на 8 август 2014 година и до почетокот на јуни 2015 година тие чинат во просек дневно 9,1 милиони долари, или вкупно 2,7 милијарди долари. Според податоци на Пентагон досега биле разурнати или барем оштетени 7 655 цели на ИД, меѓу кои 98 тенкови, 325 џипови и др. id1 Обработка: К.К. Извор: DPA

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра