17 Мај, 2024
0.0837

Градот Скопје ќе плати професори по англиски за да ги учат таксистите!

Објавено во: Економија 26 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Градските власти ќе ангажираат професори по англиски јазик кои ќе им вршат обуки на такси возачите од лиценцираните такси компании. Ова е предвидено со Програмата за подобрување на ефикасноста и квалитетот на автотакси превозот на подрачјето на Град Скопје, за која градските советници ќе расправаат на утрешната седница на Советот на Град Скопје. По околу 8.100 евра оваа и во следните две години ќе се одвојуваат од Буџетот на Град Скопје, за ангажирање на професорите по англиски јазик. - Вредноста на активностите утврдени во оваа Програма се проценува на 500.000,оо денари, а финансирањето на активностите утврдени во оваа Програма ќе се остварува од Буџетот на Град Скопје за 2014, 2015 и 2016 година.Финансиските средства, односно исплатата на надоместокот во нето износ на ангажираните професори по англиски јазик ќе се реализира со исплата на трансакциска сметка на професорите, врз основа на поединечно склучени договори. Предмет на оваа Програма е преземање на мерки и активности кои се однесуваат на начинот, условите и постапката за спроведување на обука за изучување на англискиот јазик на такси возачите вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од Град Скопје во текот на 2014 година, утврдување на начинот и условите за одржување на обуката преку професори по англиски јазик вработени во средните училишта во надлежност на Градот Скопје, како и уредување на финансирањето односно исплатата на надоместокот на ангажираните професори, стои во образложението од Градот Скопје. Од Градот објаснуваат дека прво ќе се објави јавен оглас за обуки на кој ќе можат да конкурираат такси возачите од лиценцираните такси компании. Планирано е  да се ангажираат професори по англиски јазика  кои се вработени во средните училишта во надлежност на Градот Скопје. - Активностите од оваа Програма ќе се реализираат континуирано во текот на 2014, 2015 и 2016 година во зависност од бројот на пријавените такси возачи. Право на учество во јавниот повик од став 1 на оваа точка имаат сите заинтересирани кандидати кои работат како такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од Град Скопје, а поблиските критериуми за начинот, условите и постапката ќе се утврдуват во јавниот повик што го објавува Градоначалникот на Град Скопје.Обука за изучување на англискиот јазик на таксистите ќе се спроведува во соработка и  согласно Програма на Министерството за транспорт и врски, се вели во образложението од Градот. Целта на Програмата како што се посочува во образложението е  превземање на мерки и активности за подобрување на ефикасноста и квалитетот на автотакси превозот на подрачјето на Град Скопје преку спроведување на континуирана обука за изучување на англискиот јазик. Инаку според измените на Законот за превоз во патниот сообраќај кои се донесова во март годинава, автотакси превозниците  мора да поседуваат сертификат дека се подготвени за такси превоз пред да добијат лиценца за оваа дејност.   Ј.С

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија