19 Мај, 2024
0.0314

Градоначалникот на Сарај, Беџети, куртули од кривичната пријава за платформите на Матка - не ја злоупотребил службената положба

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, куртули од кривичната пријава за платформите на Матка. Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава против него, која беше поднесена од Антикорупциската комисија, со образложение дека тој ниту ја злоупотребил службената положба, ниту, пак, за себе прибавил противправна имотна корист.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против градоначалникот на општина Сарај за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од обвинителството. 

Иницијативата за кривично гонење ДКСК ја поднесе поради сомненија дека пријавениот свесно и намерно не презел дејствија и не донел конкретни управни акти во постапките за утврдување на правниот статус на бесправно изградени објекти, со што на физички и правни лица им овозможил бесправно да изградат деловни објекти од локално значење и времени објекти – платформи на езерото Матка, да стопанисуваат со нив и да остваруваат противправна имотна корист за себе и за друг.

Постапувајќи по поднесената пријава, надлежниот јавен обвинител поднел барање за собирање потребни известувања до Државниот управен инспекторат и до градоначалникот на општина Сарај, до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и до општина Сопиште.

Од податоците доставени од Државниот управен инспекторат произлегло дека инспекторите од овој инспекторат извршиле вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај во врска со постапувањето во наведените предмети, при што на 10.06.2019 година бил составен записник со наод за утврдена состојба и констатирани недостатоци во управното и канцелариското работење. Притоа било донесено решение со кое градоначалникот на општина Сарај бил задолжен да преземе мерки и дејствија во негова надлежност и во определен рок да ги отстрани недостатоците. На 21.08.2019 година инспекторите извршиле контролен инспекциски надзор при што е утврдено дека градоначалникот целосно постапил по решението на Државниот управен инспекторат и ги отстранил претходно утврдените недостатоци и против него не се преземени наредни дејствија.

Од доставените известувања од градоначалникот на општина Сарај произлегува дека во првите четири предмети, по спроведена постапка, донесени се решенија со кои се одбиваат барањата за легализација, по кои решенија подносителите на барањата доставиле жалби до Министерството за транспорт и врски. И покрај вложената жалба, општина Сарај на 16.09.2019 година распишала јавна набавка за уривање на овие објекти, но на јавниот повик не се пријавил ниту еден економски оператор. Од овие причини општина Сарај се обратила писмено до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам заради помош за отстранување на платформите. Инспекторатот ја известил Општината дека се работи за објекти од локално значење за кои е надлежна општината и воедно ги предупредил дека кон уривање на објектите може да се пристапи само по конечноста на донесените решенија.

Во однос на петтиот предмет, решението за легализација било донесено од претходниот градоначалник на општина Сарај во 2017 година, но по поднесена иницијатива на МПЦ – Охридска Ахиепископија решението е огласено за ништовно со пресуда на Управниот суд.

Во врска со шестиот предмет опфатен во кривичната пријава, произлегува дека од општина Сарај е составен записник за констатација, но за овие платформи одлучувала општина  Сопиште. Донесеното решение за легализација во овој предмет од страна на Одделението за урбанизам на општина Сопиште подоцна било поништено од градоначалникот на општина Сопиште, а по жалба во предметот одлучувало Министерството за транспорт и врски.

Општина Сарај во врска со изградените платформи се обратила и до Град Скопје и до Министерството за животна средина за да провери дали од нивна страна биле издадени одобренија на лицата подносители на барањата за легализација да вршат превоз со чамци од манастирот Св. Андреја до пештерата Врело. Имено, контролата на превозот со чамци е во надлежност на Министерството за животна средина, кое презема мерки согласно Законот за води, доколку се констатираат прекршоци од конкретни сторители.

Државниот инспекторат за животна средина исто така вршел инспекциски надзор, по што до општина Сарај доставил известување со насоки за натамошно постапување во однос на барањата за легализација, во кое се наведува дека против општината нема да биде покрената инспекциска постапка, бидејќи не се утврдени недостатоци во нивното работење согласно Законот за води.

„Проучувајќи ги сите овие наводи, надлежниот јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани суштествените елементи на кривичните дела – Злоупотреба на службената положба и овластување и Несовесно работење во службата, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Во случајот, градоначалникот во рамките на своите надлежности, спровел процедури согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти и донел негативни решенија по барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на подрачјето на кањонот Матка. Постапката, согласно закон, продолжува во Министерството за транспорт и врски, а потоа и пред Управен суд. Со своето постапување пријавениот не прибавил противправна имотна корист за себе или за друг, ниту причинил штета за кој било субјект“, се вели во соопштението од обвинителството.

Оттаму додаваат и дека во однос на самите баратели или градители на бесправно изградени објекти на подрачјето на кањонот Матка, нивното постапување е предмет на проверки во друг предмет пред Основното јавно обвинителство Скопје, за кој во тек е предистражна постапка. По преземање на потребните дејствија и комплетирање на документацијата, обвиинителството во овој предмет ќе донесе соодветна одлука согласно Законот за кривична постапка.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична