Град Скопје: Пријавени над 100 лица за палење отпад
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2019
По само еден месец од кампањата, палењето на стрништата е значително намалено. Благодарение на кампањата, пријавени се над 100 лица, бесплатно се расчистени 25 стрништа и собрани се над 400 метри кубни отпад, објави Град Скопје пред почетокот на грејната сезона.
Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која почна кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.
Во кампањата е вклучено и бесплатно подигање на отпадот од бербата, така што се спречува неговото палење и се овозможува транспортирање во депонијата Дрисла.