Гореше хотел во Анталија, 400 гости евакуирани
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2017
Над 400 гости се евакуирани од хотел со 5 ѕвезди откако избувна силен пожар. Хотелот е лоциран во областа Кемер, во познатото турско летувалиште Анталија.
Според информации на HaberTurk повредени се четири руски туристи, како и десетина турски државјани. Тие биле итно пренесени во локалните болници, но ниту еден нема витално загрозувачки повреди.
Пожарот избувнал околу 8.00 часот и се проширил од кујната на хотелот, чие име не се соопштува. Ангажирани беа голем број на противпожарни екипи, а додека го гасеа пожарот гостите на хотелот чекаа на балконите од своите соби за да бидат евакуирани.
На десетина лица им е пружена медицинска помош.